Асоцијација на Македонците во Албанија


Нова веб-страница на Македонците во Албанија


Четирите граѓански здруженија кои ја формираат Асоцијацијата на Македонците во Албанија, неодамна ја објави својата веб-страница www.macedoniansinalbania.org.

На оваа веб-страница се објавуваат информации за загрозувањето на човековите права на македонското малцинство во Албанија, последни вести и информации кои се однесуваат или се од интерес на Македонците во оваа држава, како и фотогалерија и други информации.

Асоцијацијата на Македонците во Албанија ја сочинуваат здруженијата „Мир“, „Преспа“, „Братство“ и „Македонското егејско здружение“. Новата веб-страница е обид Македонците во Албанија да проговорат погласно и да бидат чуени пошироко за загрозеноста на нивните основни права во оваа држава.

М.И.