Презентација
Џунџуле низ филм го откри својот свет
Центарот за детско уметничко изразување, музикотерапија и психофизичка релаксација „Џунџуле” од Скопје, на јавна презентација во Големата сала на Советот на град Скопје на 26 октомври го претстави документарно-информативниот филм „Откријте го светот на Џунџуле – еднакви можности за сите деца”.
Презентацијата се одржа пред претставници на министерствата, локалната самоуправа, релевантни институции и установи, амбасади, со присуство и на учесниците во филмот и родителите и децата од „Џунџуле”.
Презентацијата беше од особена важност за запознавањето со ефектите од примената на најновите методологии во работата со децата со посебни потреби, на сите вклучени во решавањето на нивните проблеми.
Изработката на филмот е овозможена преку Програмата за грантови за промовирање резултати на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), која е дел од Проектот за зајакнување на цивилното општество, финансиран од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), а спроведувана од партнерски конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).
К.Б
|