Соња Стефановска-Трајаноска, програмски соработник, и Анита Коџоман, координатор на програми за животна средина, УНДП

Програмата на УНДП е длабоко вградена во развојната агенда на Македонија

Очекуваме да биде промовирана програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд, која директно ќе отвори можности за поблиска соработка со граѓанските организации


Низ какви форми на дејствување од отворањето на Канцеларијата на Програмата за развојна помош на Обединетите нации, до денес, работите на подигањето на развојот на граѓанското општество во Македонија?                                                   
Мандатот на УНДП да работи на одржлив чо­веков развој, кој ги става луѓето во цен­та­рот на развојот, не може да се постигне без соработка со граѓанскиот сектор. Со оглед на колективната моќ на граѓанскиот сек­тор во градење на социјалната, еко­но­м­ска­та и политичката агенда на локално, на на­ционално и на глобално ниво, јасно е де­ка зајакнувањето на партнерството со граѓанскиот сектор е суштинско УНДП да остане релевантен и ефективен партнер во развојот. Во таа смисла, УНДП се обидува пос­тојано да прави чекор напред во про­ши­ру­вање и продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор на сите нивоа на ра­бо­тење. Досега, УНДП има остварено по­ве­ќе форми на соработка со граѓанското оп­штест­во, особено на локално ниво, каде прет­­ставниците на граѓанското општество се активно вклучени како стратешки пар­т­не­ри на УНДП во реализацијата на раз­вој­ни­те активности. Примери и форми има по­веќе, но можеби најзначајни се оние ка­де УНДП успева да создаде простор за суш­тински дијалог на локално ниво помеѓу локалните власти, при­ватниот сектор и граѓанското општество за идентификување на раз­вој­ните приоритети, како и креирање, реализација и следење на раз­вој­ните политики. Со тоа, УНДП дава целосно признание на улогата ко­јашто ја има и треба да ја има граѓанскиот сектор во развојот, а со тоа наедно се придонесува за јакнење на капацитетите на секторот да стане активен и силен партнер на другите два сектора. Во со­ра­бот­ка­та со граѓанскиот сектор, истовремено се земаат предвид вред­нос­ти­те коишто ги застапуваат граѓанските организации во смисла на па­радигмата за човеков развој како основа за дијалог, дејствување и за­еднички активности и кампањи со граѓанскиот сектор.


Кои се Вашите досегашни искуства во реализација на проектите со државните институции од една и со граѓанските организации од друга страна? Може ли да одвоите одредени илустративни примери за успешна соработка, но и типични проблеми за земјава во реализација на проектите?
Искуствата се главно позитивни и процесот на градење взаемна до­вер­­ба истовремено подразбира заедничко разбирање на нашата ком­плементарна улога во развојот, како и на потенцијалот што го но­си нашата соработка. Сепак, поради големите разлики во голе­ми­на­та, софистицираноста и диверзитетот на граѓанскиот сектор не мо­же да се унифицираат впечатоците. Она на што треба повеќе да се фокусираат граѓанските организации е можеби процесот на само­ре­гу­лација, што можеби изгледа како тешка битка, но сепак постои до­бра основа за напредок во таа насока. Во смисла на надворешните при­чини, финансиите од донатори и можноста за зголемено фи­нан­си­рање на граѓанскиот сектор преку подобрување на кредибилноста, мо­же да биде причина да се стимулираат граѓанските организации за поголема саморегулатива. Доколку се воспостават такви меха­ни­з­ми на поефикасна и потранспарентна саморегулација, ќе дојде до ефек­тивно мониторирање кое пак ќе обезбеди начин за мерење на ре­зултатите од работењето на граѓанскиот сектор. Ова е од голема важ­ност бидејќи Македонија поминува низ процес на понатамошно до­дефинирање на односите и карактерот на партнерства помеѓу гра­ѓан­скиот сектор и властите каде нецелосно се дефинирани ни­во­а­та на институционализација и независност на граѓанскиот сектор од власта. Највидливиот предизвик во тој однос е перципираниот не­до­ста­ток на отчетност и саморегулација во рамките на граѓанскиот сек­­тор. Во таа смисла, промовирањето механизми за саморегулација и отчетност во рамките на граѓанскиот сектор е исто така од стра­теш­ки интерес за зајакнување на односите помеѓу граѓанскиот, вла­ди­ни­от и приватниот сектор, како и добра референца за соработка со меѓународните организации, како што е УНДП.

Во однос на мандатот и заложбите на УНДП, сметаме дека ниту Вла­да­та, ниту граѓанскиот сектор, ниту УНДП можат сами да работат на пос­тигнување одржлив човеков развој. Таквата цел подразбира активно учество и партнерство на сите страни, додека УНДП се нуди како сојузник на Владата, граѓанскиот и приватниот сектор во бор­ба­та за постигнување квалитетен и одржлив развој. Досега соработката и со владините и со граѓанските институции и организации, на на­ци­о­нално и на локално ниво, се покажа како конструктивна и по­зи­тив­на, иако, се разбира, постојано се бараат подобри, посуштински и по­­ефикасни механизми и начини за соработка. Речиси и нема проект во УНДП во кој на некој начин не е вклучен граѓанскиот сектор: по­не­ко­гаш во изведување обуки и реализација на кампањи, во разни обли­ци на советодавни групи на локално ниво, во реализација на спе­цифични компоненти од проектите итн. Граѓанската платформа, на пример, беше суштински вклучена во подготовката на првиот Извештај за милениумските развојни цели во Македонија. Значи, че­корите се големи и значајни и оваа иницијатива е на некој начин при­донес кон понатамошно воведување на граѓанското општество во т.н. „мејнстрим” на јавните работи што влијаат на намалувањето на си­ромаштијата. Понатаму, Канцеларијата на проектот Парк Преспа во Ре­сен помогна  за асоцирањето на неколку граѓански организации кои­што работат на полето на земјоделството и истите се сега но­си­те­ли и корисници на проект чија цел е намалување на негативните вли­јанија од земјоделството во сливот на Преспанското Езеро.


Колкава е отвореноста и заинтересираноста на граѓанските организации за работа со Канцеларијата на УНДП?
Граѓанските организации на различен начин гледаат на УНДП и чес­то ни се обраќаат со конкректни проекти. Се обидуваме да дадеме по­­јаснување за мандатот и начинот на функционирање на УНДП и да објасниме дека УНДП работи според договорена програмска рамка со јасно дефинирани цели и активности. Доколку стратешки се пре­по­з­­наеме во реализацијата на тие цели и активности, можеме да ос­т­ва­риме соработка, а формите и механизмите можат да бидат на­вис­ти­на креативни. Секако дека претпочитаме дијалог и партнерства за раз­­војот, и доколку тука се препознаеме, тогаш с$ оди полесно. Ге­не­рал­но, постои интерес од страна на граѓанските организации за УНДП, но понекогаш на чисто проектно, изолирано ниво. И гра­ѓан­ски­от сектор треба да ги препознае своите предности и недостатоци, да ги знае јасно своите цели и вредности, и тогаш секако ќе се сретнеме во заложбите. Партнерствата се засноваат на принципот на хо­ри­зон­та­лен однос, т.е. иако сме институционално различни, имаме спе­ци­фи­чна тежина во промовирање на истите развојни цели, особено во сми­сла на намалувањето на сиромаштијата преку одржлив човеков развој. Односот се заснова на взаемна доверба којашто мора да се стекне и да се негува.

Многу наскоро, очекуваме да биде промовирана програмата за мали гран­­тови на Глобалниот еколошки фонд, која директно ќе отвори мож­ности за поблиска соработка со граѓанските организации. Оваа про­грама обезбедува финансиски средства за граѓански организации и здруженија на граѓани во областите на биодиверзитет, климатски про­мени, меѓународни води, опустинување и истата ќе овозможи да се адресираат одредени локални проблеми поврзани со животната сре­­дина и истовремено да се подигне свеста за потребата од одр­ж­ли­во искористување на природните ресурси. 


Програмата за развојна помош на Обединетите нации има увид во развојот на националната развојна состојба и се стреми кон идентификација  на клучните предизвици поврзани со развојот на земјата. Која е вашата последна слика за состојбата во Македонија и на што сте фокусирани годинава?
Иако состојбата во Македонија постепено се подобрува, сепак  зе­м­ја­та с$ уште се соочува со бројни предизвици. Ние сме тука да по­мо­г­не­­ме во процесот на надминување на овие предизвици, па затоа и на­­шата програма е длабоко вградена во развојната агенда на Македонија и е усогласена со заложбите на земјата за интеграција во Европската Унија.

Во моментот помагаме во процесот на реформи во локалната са­м­о­упра­ва и во координација со националните институции и другите до­на­тори, ние даваме совети и поддршка за децентрализацијата и за­јак­нувањето на општините, преку нашите програми за градење ка­па­ци­те­ти на локалната администрација. Исто така, ги здружуваме Владата, ло­калните власти, приватниот сектор, граѓанското општество и до­на­то­рите со цел да се промовираат економските реформи, да се соз­да­де поволна економска клима и да се стимулираат можностите за ге­не­рирање приходи. Програмата на УНДП се залага за уна­пре­ду­ва­ње поволна бизнис-клима, здрав и одржлив растеж на приватниот сек­тор, создавање работни места и економско интегрирање на мар­ги­ни­лизираните заедници. Исто така, помагаме во зајакнувањето на постоечката политика во управувањето со животната средина и одр­ж­ли­­виот развој, притоа поттикнувајќи ја регионалната и прек­у­гра­нич­на­та соработка. Во рамките на семејството на Обединетите нации, УНДП ги гради националните капацитети за превентивен кризен ме­на­џмент и спречување на влијанието на природните катастрофи пре­ку давање итен одговор - а заедно со другите агенции на ОН во Ма­ке­донија, & помагаме на земјата во нејзиниот стремеж кон остварување на Милениумските развојни цели, чие остварување ќе придонесе за до­брото и благосостојбата на секој граѓанин на Македонија.


Вклучени ли се македонските граѓански организации преку вашите програми и активности  во проекти од регионален или поширок карактер?  Која е Вашата улога во тој случај и колку успевате да ги трасирате предвидените патишта за подолг временски период?    
Во рамките на прекуграничниот проект за Парк Преспа (Македонија, Ал­банија и Грција), претставници на граѓански организации од трите зем­ји се дел на Трилатералното тело за управување со Паркот Преспа, чи­ја улога е да ги координира активностите на трите соседни земји во однос на планирањето на развојот и заштитата на животната сре­ди­на во сливот на Преспанското Езеро. Преку овој проект, граѓан­ски­те организации од Македонија можат да соработуваат на теми на за­ед­нички интерес и да градат стратешки партнерства со нивните ко­ле­ги од Албанија и од Грција.

Гра­ѓанските здруженија се исто така редовно инволвирани во ак­тив­нос­тите на проектот Контрола на малото оружје. Тие имаа свој прет­став­ник во Националното координативно тело за доброволно пре­да­ва­ње на оружјето, беа и с$ уште се редовно инволвирани во ме­ди­ум­ски­те и промотивните кампањи на проектот преку вклучување на нив­ни членови во некои од активностите. Транспарентност во ра­бо­те­њето со граѓанските организации е постигната преку вклучување на нивни експерти во тектот на изработката на Законот за оружје, како и на подзаконските акти преку јавните дебати, кои беа организирани од страна на некои граѓански организации. Граѓанските здруженија коишто работат во областа на контрола на малото оружје се дел од СЕЕНЦА (South East European Network for Control of Arms) и се оби­ду­ва­ат за свои цели да ги имаат прашањата што се од голема важност за целиот регион.

Се­како, сметаме дека сме на добар пат за трасирање подолгорочна и постратешка соработка за развојот на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.

 

Катерина Богоева