Погледи: д-р Исмаил Бардхи

Религиската вистина и дијалогот

Од поодамна знаеме дека древниот ме­та­фи­зич­ки поим на вистината е оној кој не го тр­пи товарот на реалноста, или пак го тр­пи истиот спротивставувајќи се себеси. Но, што $ всушност вистината, во егзистенцијална смис­ла, ако силата на лагата, приморувањето да се лаже, е вдлабен во неа? Дали е ова онаа вистина која легитимно и припаѓа на внатрешното искуство на мислата?

Навистина, познатите форми на “потрагата по вистината” ја имаат својата вистина, се работи за формите на “потрага по вистината” во фи­­ло­зофијата, метафизиката и религијата. Патот до вистината всушност бил единствениот пат од неа – од вистината. Вистината за нас е отворена, но ова престанува кога започнува да постои “вистината”: во вид на мета­физички оптимизам, или имагинациите од онаа стра­на за нашето спасение.

Ние не сме запоседнати од потрагата по вистината, туку сме маѓепсани од “вистината”. Дали конечно ја изгубивме способноста да ја бараме и да ја спознаеме вистината? Вистината е подлабока и посеопфатна отколку што тоа ние го замислуваме, бидејќи таа му се појавува и на оној кој всушност не ја бара. Но, парадоксално, и оној што не ја бара вистината мора истата да ја трпи. Оваа банална мудрост на филозофијата дојде до израз во филозофиите на егзистенцијата. Затоа прашањето за вистината на вистината треба да и се врати на сопствената изворна тежина; таа треба да се бара во лавиринтот во кој не се бараат сигурните спознаи туку излезот. Таа треба да се бара но не и да се “создава”, бидејќи само Господ има право на тоа.

Непобитна вистина е дека небесните рели­гии или ние како следбеници на Светите Книги треба да бидеме вни­­ма­телни кон светиот текст и неговата из­ворност, одбегнувајќи ја човечката интервенција во истите, и во случај на некоја “голема потреба” за одредена из­мена, како потчинување кон девијациите кои де­нес ни ги наложуваат “демократијата” или секу­ларизмот како доминантни процеси во рамките на разните политички промени.

За нас не е можно верата да ја прифатиме од не­верата, Бога од богохулниците, кои н$ убедуваат дека постои можноста за појава на разни верски фракции, верски и идеолошки интерпретации па се до оние антиверски – демонски? Ова денес е непобитна појава, па дури ја има достигнато онаа фаза да не може веќе да се следи, бидејќи скоро секојдневно се појавува некоја нова гру­пација со високи религиозни ингеренции.

Ние, како следбеници на небесните религии сме повикани да создадеме услови за религиски дијалог за да му помогнеме на мирот не само на нашите простори туку и пошироко, нешто што ни е најмногу потребно, а останува на нашата држава да стори нешто повеќе во овој правец, бидејќи таа не смее да остане настрана од меѓурелигискиот дијалог и религиозната култура. Улогата на небесните религии низ историјата е следена од кредото дека вистината никој не смее да ја држи само за себе, туку дека таа треба да и биде објавена на човештвото.

Оваа улога врз себе ја имаат преземено оние кои повикуваат на вера, улога која денес за жал ја вршат и мисионерите, иако мисионерството денес е феномен кој скоро потполно им се потчинува на интересите на одредени етникуми, со една мошне опасна деструктивност која на човештвото не и носи корист, туку напротив.

Факт е дека ние тука, како муслимани и христијани, не сме дијалогизирале многу, но тоа не значи дека и не сме разговарале и живееле заедно. Заедничкото живеење или едни покрај други и недијалогизирањето не е ништо освен културна криза, но е нешто сосема природно. На крајот на краиштата во природата на човекот е да живее како што го започнал животот – молкум, и како го завршува истиот – молкум, а времето помеѓу, или животот, најдобро го регулираат и културизираат Светите Книги и нивните прет­ставувачи.

Како што се спомна и погоре во с$ постои вистината, само таа има моќ да ја одржи рамнотежата без да ја оштети човечката душа и оној негов физички дел во една извонредна и радосна хармонија, а кон таа цел улогата на религијата е неоспорна. Нема мир ниту дијалог без вистината, но ниту вистина без покорност кон Бога.

 

(авторот е декан на Факултетот за исламски науки – Скопје)