ФИООМ и холандската амбасада

Унапредување на образованието на Ромите

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија одделија нови средства за унапредувањето на образованието на Ромите. На 11 јули 2006 година меѓу двата партнера беше потпишан договор за реализација за проектот „Еднакви образовни можности за учениците Роми”.

Целта на проектот е подобрување на успехот и зголемување на процентот на успешно задржување на ромските деца во основните училишта. Грантот предвидува дополнителна (воннаставна) поддршка во учењето за околу 3.000 ученици, во која ќе бидат вклучени 250 наставници и 1.000 родители.

Висината на финансиската поддршка на грантот изнесува два милиони евра. Проектот оперативно ќе го спроведува ФИООМ во текот на наредните три години.

М.И.