Хрватска

ЕУКВИЗ

Учениците од сите средни училишта од Хрватска го започнаа натпреварот ЕУКВИЗ, квиз на знаења околу структурите и орга­низирањето на Европската Унија. Квизот опфаќа проверка на знаењата за историјата и институциите на ЕУ, познавања на основните историски и географски факти врзани за земјите членки на Европската Унија, како и за односите на Хрватска и ЕУ. Во финалето кое ќе се одржи во Загреб за време на Европската недела (од 3 до 9 мај) ќе се натпреваруваат 227 екипи од 167 училишта. 

Г.Ш.