Одржливост - тема за која се повеќе се дискутира
Развој и здрава животна средина на сегашните и идните генерации
Одржливоста е тема за која во последно време с$ повеќе се дискутира, особено меѓу граѓанските организации и во граѓанскиот сектор, воопшто. Донаторите бараат одржливост на проектите за кои обезбедуваат финансиска поддршка, екологистите зборуваат за одржлив развој во производството на храна, организациите на маргинализираните граѓани се залагаат за намалување на сиромаштијата и намалување на разликите во животниот стандард.
Дефиницијата на Светската комисија за животна средина и развој ја објаснува одржливоста на следниов начин: „Развојот е одржлив кога одговара на потребите во сегашноста, но не прави компромис со можнсота на идните генерации да ги задоволуваат нивните потреби”. Оваа дефиниција е прилично глобална и не се однесува само на краткорочните ефекти врз сегашните генерации, туку на дологорочните ефекти врз идните поколенија.
Некои други дефиниции го објаснуваат одржливиот развој како „економски развој, социјално одговорен и правичен, еколошки прифатлив, кој се потпира врз основните постулати на граѓанското општество” и „одржливиот развој имплементира адаптација и подобрување во контекст којшто заедниците се обидуваат да ги заштитат природните процеси и функции на природата и да ги заштитат ресурсите за следните генерации”.
Од овие дефиниции може да се заклучи дека одржливиот развој како концепт има широко значење и многу малку специфичности, па затоа е и тешко да се објасни. Дефинирајќи ја одржливоста како комбинација на развој, еднаквост и животна средина, се наметнуваат следниве прашања: Што се развива? Што треба да се одржи и колку долго треба да биде одржливо? Така, на пример, ако зборуваме за одржлив развој во земјоделството тоа значи дека треба да се урамнотежи сегашното и идното произодството на храна и одругите потреби во земјоделството преку метод за користење на природата и природните ресурси без да се нарушува животната средина. Тоа значи дека треба да се најде начин да се искористуваат природните ресурси, но тоа да биде балансирано со потребите на идните генерации.
За појаснување на концептот на одржливоста во смисла на тоа што опфаќа и како се третираат прашањата поврзани со одржливиот развој како илустрација може да послужи „Декларацијата од Рио”. Имено, Конференцијата за заштита на животната средина и развој на Организацијата на Обединетите нации (11МСЕО) одржана во Рио де Жанеиро, во јуни 1992 година, е пресвртница во начинот на размислување и разбирање на концептот на одржливоста. На Конференцијата присуствуваа 179 држави кои постигнаа консензус за глобално партнерство во насока на урамнотежување на потребите за здрава економија, општествен развој и висококвалитетна животна средина. Овој заеднички договор е содржан во Декларацијата за животна средина и развој, чии 27 начела ги одредуваат правата и обврските на државите во нивните настојувања за развој и благодотојба на човекот. Според овие начела, државите потписнички на декларацијата треба да ги насочуваат своите активности со цел да се овозможи глобален одржлив развој. Некои од принципите од „Декларацијата од Рио” се:
• Луѓето имаат право на здрав и продуктивен начин на живот во рамнотежа со природата;
• Денешниот развој не смее да ја загрозува потребата за развој и здрава животна средина на сегашните и идните генерации;
• Со цел постигнување одржлив развој, заштитата на животната средина ќе сочинува интегрален дел од развојниот процес и нема да може да биде разгледувана надвор од него;
• Искоренувањето на сиромаштијата и намалувањето на разликите на животниот стандард во некои делови од светот се неопходни за постигнување одржлив развој и пресретнување на потребите на мнозинството;
• Нациите треба да ги искоренат или намалат неодржливите производни и потрошувачки навики, како и да промовираат правилна демографска политика.
Концептот на одржлив развој иако е насочен кон иднината, треба да биде јасен и прифатлив за сегашните генерации кои не треба да се чувствуваат дека неговата примена ќе ги загрози или пак ќе го намали нивниот стандард.
Обемноста, различноста и комплексноста наложуваат да се направи поделба на одржливоста на неколку видови:
• Одржливост на животната средина;
• Социјална одржливост;
• Културна одржливост;
• Економска одржливост;
• Политичка одржливост.
Како резултат на активностите на еколошките организации, во јавноста во Р. Македонија, одржливоста главно се разбира како одржливост на животната средина. Движењето на екологистите на Македонија, заедно со Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија го промовира националниот акциски план за заштита на животната средина - НЕАП којшто беше усвоен во 1996 година од страна на Собранието на РМ. Тоа е стратешки документ што ги содржи сите аспекти на интегриран пристап во заштитата на животната средина.
Сепак, одржливоста не е важна само за зачувување на животната средина. Одржливост треба да се бара во намалување на сиромаштијата и прекумерната потрошувачка, грижата за здравјето и образованието, развивање на бизнисот и индустријализацијата, во развојните програми во урбаните и руралните средини.
Владите на сите држави треба да работат на изготвување и усвојување на стратегии за одржлив развој и да го поттикнуваат учеството на граѓанските организации, научните институции и другите општествени здруженија во подготовката и спорведувањето на активностите за одржливост.
ПОИМНИК
Развој, по дефиниција, е процес преку кој социјалните проблеми се решаваат со примена на систематски и добро дефинирани активности.
Развојна интервенција е пристап на истакнување прашања и решавање проблеми преку развојни активности.
Одржливоста на развоен проект е обезбедена кога потребното ниво на поддршка за корисниците може да се одржи по завршувањето на финансиската, управувачката и техничката помош од надворешниот донатор.
|