|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Студиска посета во Холандија
Собирање искуства за позеленување на локалните избори
Работната група за позеленување на локалните избори ( РГПЛЕ), неформална група иницирана од страна на Милиеуконтакт ООСТ Европа, од 10 до 17 мај ја посети Холандија, за да се запознае со работата на граѓанските организации за заштита на животната средина и да стекне поголемо искуство за начинот на лобирање за време на локалните избори во Македонија. Дел од стекнатиите искуства ќе бидат имплементирани во нивниот проект за позеленување на локалните избори во Македонија, кои треба да се одржат наесен, годинава. Во рамките на студискиот престој, работната група посети седум организации кои на различен начин придонесуваат за поголема заштита на животната средина, а нејзините членови се запознаа со историјата на движењето за заштита на животната средина во Холандија, со системот и надлежностите на локалната самоуправа.
На работните состаноци членовите на РГПЛЕ имаа можност да се запознаат и со работата на организациите кои во својата работа користат директни акции и иницијативи, лоби-организации чија целна група се политичарите и луѓето кои ги донесуваат одлуките за заштита на животната средина.
Барајќи најразлични форми преку кои ќе ги актуелизираат прашањата за заштита на животната средина и ќе ги информираат граѓаните за потребата од поголема совесност и свесност за животната средина, членовите на РГПЛЕ ги посетија и кафулето за заштита на животната средина во Тилбург, и политичкото кафуле во Хенгело.
Претставниците на организациите од Холандија и членовите на РГПЛЕ разговараа за конкретни кампањи поврзани со заштитата на животната средина, разменувајќи најразлични искуства.
С.Т.
|
Поддршка на акцијата против дивоградбите на брегот на Охридското езеро
Внимателно, да не се загади Езерото
“Акцијата е потврда на заложбите на Владата за функционирање на правната држава и за заштита на животната средина, посебно на најголемото македонско природно богатство - Охридското Езеро. Ги охрабруваме министерот Буџаку, директорот Трошански и Државниот инспекторат за урбанизам, како и другите претставници на државните органи, да истраат докрај во оваа акција, и покрај различните притисоци. Едновремено, би сакале да потсетиме дека акцијата за отстранување на дивоградбите треба да се одвива внимателно, со цел да се спречи загадување на Езерото и брегот со шут и смет. Исто така, ги повикуваме да преземат слични акции со кои ќе се спречи уништувањето на другите заштитени природни области во Македонија, а особено националните паркови.
Во оваа смисла, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, проблемите од овој вид треба да се третираат не само од урбанистички, туку, пред с$ од еколошки аспект” - поддржуваат и потенцираат членовите на НПЕЦ Ерина.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|