Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Историјат на Граѓанското општество

   

Чедомир Шопкиќ
 

Граѓанскиот сектор треба што повеќе да ги промовира духовните, уметничките и културните вредности 
 

Професионално искуство

Како економист, веќе 12 години работам во граѓанскиот сектор. Во моментов сум координатор на стручната служба на Сојузот на слепите на Македонија и ги уредувам списанијата за слепите лица: Брајовото списание “Наш збор” и списанието во аудиоформат “Панорама”. Уредник и водител сум на радиоемисијата “Панта реи” што се емитува секој понеделник од 14 до 15 часот на Македонското радио, Радио Скопје.

Ангажирање во граѓанскиот сектор

Како координатор на стручната служба и уредник на наведените списанија активно сум ангажиран во ССРМ  во чиј фокус на интерес се човековите и компезациските права на лицата со оштетен вид и борбата против нивното маргинализирање во македонското општество, афирмирањето на правната регулатива за нивна заштита и информирање, цела лепеза проекти и активности за надминување на предрасудите и јакнење на свеста на граѓаните. Иницијатор сум и основач на неколку граѓански организации, бев шеф на издавачко-информативниот центар “Фаре-Брај”, соработувам и со магазинот за лицата со посебни способности “ВУЛКАН”.

Хоби и интереси

Пливање, работа на компјутер. Колекционер сум на плочи и компакт-дискови, слушам музика...

Најтешка одлука

Во  зависност  од способноста да се ризикува со однапред пресметана шанса за неуспех, зависи и тоа колку една одлука што ја носите е тешка или помалку ризична. Треба да се надмине стравот.

Амбиции

Нема нешто што не би сакал да работам. Го прифаќам секој предизвик. Секогаш е исплатливо да бидеш тоа што си. Времето може секогаш да биде на ваша страна ако умеете да го искористите. 

Во слободно време читам

Кога сум порастоварен од обврските, ја читам Британика, потоа, стручни списанија, економска литература, а уживам и читајќи  белетристика, одвреме-навреме да пишувам поезија, афоризми и сл.

Каде оди во слободно време

 Се наоѓа  време со сопругата да посетиме некоја театарска премиера, кинопроекција, концерт, а и да одморам дома. Љубител сум на излегување, а и патувањата ми причинуваат големо задоволство.

За време на викендите

Бидејќи наоѓам време за пријателите, одам кај луѓето кои сакаат да се дружат со мене и кои се дружат. Тоа е патот до среќата. 

Кој национален/локален проблем го сметаш за особено важен и зошто?

С$ повеќе се убедувам дека станува с$ појасна разликата меѓу нас и развиениот свет. Таа е токму во немањето заеднички морални вредности. Не станува збор само за лоша организираност, неефикасно управување, незнаење или немање искуство. Не е толку просто и едноставно. Доколку не знаеме, ќе научиме и од утре веќе ќе се поправиме. Не станува збор за тоа. Станува збор за немање свест за живеење во заедница, за загубени симпатии и за какви било други позитивни емоции за другиот до нас. 

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?

Сега ги имаме глобалната економска криза, сиромаштијата и песимизмот на луѓето што ги решаваат само оние кои не обрнуваат внимание на моралното и на политичкото разбирање на луѓето погодени од кризата. Затоа, најитна задача во сегашното време е да се обиде да се најде политичка структура што би требало да ја има светот, за да почнеме  и ние да чекориме по нашиот пат од срце верувајќи дека сите овие напори  за Свет на цвеќе без војни ќе подготви прекрасна утрешнина на нашата планета.  А дотогаш граѓанскиот сектор треба што повеќе, во човековата практика, да ги промовира духовните, уметничките и културните вредности коишто ќе донесат позитивен резултат.

Што би променил во Македонија и во светот?

Најкратко речено, создавање услови за еднакви можности со системски решенија,  а не со палијативни или ад хок-мерки.  Пред се, мислам на донесување закони, како и нивна доследна примена,  што ќе бидат во согласност со “Стандардните правила на ОН”,  Универзалниот дизајн и Конвенцијата на ОН, чие донесување го очекуваме, односно што ќе бидат засновани на недискриминација  и почитување на човековите права.

Совет/порака

Не сакам да давам совети, но од моето искуство мислам дека е најбитно  да ги процените сопствените капацитети,  да работите на нивното развивање, но констатно и притоа најмногу да се потпирате на себеси, на своите знаења и компетентност. Ништо не е толку тешко ако сме подготвени да се бориме, а нема ништо полошо од самосожалување и незаинтересираност.

Никогаш не би можел

Да ја признаам поделбата на оние кои имаат инвалидност и кои го немаат тоа. Инвалидноста навистина со себе носи соодветни ограничувачки карактеристики, но од друга страна многу нешто зависи од нас и од тоа колку најнапред вложуваме во себе, а потоа и во своето образование, колку сме одговорни.

 
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA