|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Имплементацијата на индексот на граѓанското општество во Бугарија
Увезени вредности заедно со донаторски програми
Индекс на граѓанското општество ИГО е партиципативен проект за дејствување и истражување којшто ја оценува состојбата со граѓанското општество во земјите во светот, користи пристап на сеопфатна имплементација и широк ранг методи на истражување
Проектот Индекс на граѓанското општество (ИГО) се имплементираше во Бугарија од декември 2003 година до март 2005 година од страна на Асоцијацијата Балкан асист (БАА). БАА се пријави за овој проект свесна дека дотогаш во Бугарија никој немаше извршено такво сеопфатно истражување, кое кулминира со Националниот извештај за граѓанското општество. Исто така, целта на проектот ИГО беше во согласност со мисијата на БАА да промовира учество на граѓаните во развојот и имплементирањето на новите практики/политики за директно учество на граѓаните, добро владеење и работа на подобрување на законите во врска со граѓанското учество и правата на граѓаните.
Индекс на граѓанското општество ИГО е партиципативен проект за дејствување и истражување којшто ја оценува состојбата со граѓанското општество во земјите во светот, користи пристап на сеопфатна имплементација и широк ранг методи на истражување. Фокусот на истражувањата во Бугарија беше ставен на консултации со акционерите на регионално ниво и спроведување анкети на национално ниво. Поедниечните методи што беа имплементаирани се изнесени подолу по редослед на нивното имлементирање:
- Секундарни извори: Проектниот тим започна со преглед на информациите од многуте постоечки студии и истражувачки проекти на тема граѓанско општество, како и на другите слични теми.
- Анкетирање на регионалните акционери: Беа испитувани претставници на граѓански и владини организации, како и претставници од бизнис-секторот и други акционери во осум селектирани региони. Се контактираше со околу 100 лица и беа пополнети 73 прашалници.
- Консултации со регионалните акционери: Консултациите се вршеа во осум региони во Бугарија со поддршка од страна на проектот Читалишта на УНДП. Во консултациите учествуваа околу 105 лица, кои дискутираа за резултатите од анкетата и на други теми.
- Анкетирање избрано население: Околу 1000 случајно избрани возрасни лица од Бугарија беа анкетирани.
- Набљудување на медиумите: Два медиуми – еден национален и еден регионален весник беа набљудувани во период од три месеци во врска со нивното покривање на темите, лицата и вредностите на граѓанското општество.
Проектот кулминира со Националната конференција којашто се одвиваше на 10.03.2005 година во Софија. Околу 80 лица учествуваа во настанот покажувајќи го својот интерес за напорите на БАА за имплеметирање на ЦИВИКУС (CIVCUS – Civil Society Index Project).
Главната цел на работилницата беше презентирање на националниот извештај „Граѓанско општество без граѓани”, градење заедничко разбирање за состојбата со граѓанското општество во Бугарија и формулирање предлог-решенија за надминување на недостатоците што беа идентификувани како резултат од анкетите. Со таа цел, ви ги претставуваме резултатите од анкетите и Дијамантот на граѓанското општество.
Заклучоците од Извештајот за граѓанското општество во Бугарија се следните:
- Структурата на граѓанското општество во Бугарија не е репрезентативна (се карактеризира со низок степен на индивидуална партиципација, низок степен на доверба и зависност од надворешни донатори) – резултатот од оваа димензија е 1,1;
- Средината е прилично поволна, меѓутоа не се применуваат сите постоечки правила, закони и поттици (мотиви) – резултатот е 1,3;
- Вредностите би можеле да се наречат „увезени” – заедно со донаторските програми. Во секој случај, резултатот е нешто повисок - 2,1;
- И конечно, влијанието не е директно кога станува збор за корисниците (нема директно влијание на нив) – резултатот е 1,5.
Во поглед на Националниот извештај, учесниците во работилницата се согласија со повеќето заклучоци и со резултатите, но сепак имаше и некои сериозни забелешки за разбирањето на поимот „граѓанско општество”.
Според мислењето на учесниците, Работилницата беше успешна. Доколку би требале да истакнеме некои докази, би рекле дека:
- Беше посетена од голем број луѓе од најразлични сфери;
- Добро беше покриена од страна на медиумите;
- Учесниците даваа соодветни и корисни коментари и предлози;
- Добивме јавно одобрување за резултатите и заклучоците од извештајот;
- Се основа добро структуирана работна група, која ќе треба да работи на сметката преку којашто ќе се овозможи пренос на 1% од даноците на луѓето во корист на граѓанските организации.
Националниот извештај ќе биде наскоро издаден (најдоцна до средината на јули, 2005 г.), а Националниот индкс-тим ќе стори си што може да го дистрибуира насекаде.
Балкан асист – Асоцијација за партнерство и поддршка на граѓанската активност
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|