ТРИ НВО ОД ПРИЛЕП
„Заедно... Да ја надминеме етничката хистерија“
Во рамките на проектот „Македонско – ромска соработка“, три невладини организации од Прилеп: „Романи шукарипа“, организацијата на млади жени „Демос“ и Центарот за наука и млади, ги издадоа прирачникот „Заедно... Да ја надминеме етничката хистерија“. Издавањето на Прирачникот е помогнато од ФИООМ, а во него се говори за човековите права, теориите поврзани со овој проблем, како и за законските и другите акти за нивната заштита.
|