Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

погледи

Проблемите при имплементација на програмата за гинеколошки прегледи

Организацијата на жените на општина Свети Николе, во соработка со 17 женски НВО од Македонија, успеа да излобира промена во Законот за здравствена заштита и воведување програма за редовни гинеколошки прегледи за жените со цел рано дијагностицирање на ракот на грлото на матката.Во 2005 и во 2006 г. Владата ја донесе Програмата за рано откривање и спречување болести на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија. Програмата предвидува бесплатен ПАП-тест  за  20 % од женската популација на возраст од 19 до 65 години или годишно по околу 128.000 жени. Прегледите треба да се спроведуваат од страна на матичните гинеколози кои имаат склучени договори со Фондот за здравство. За реализација на програмата за 2005 г. се обезбедени 8.500.000 денари, а за 2006 г. ќе се обезбедат и дополнителни 3.000.000 денари. Овие средства се наменети за ПАП-тестот, за печатење информативен материјал и за водење регистар за спроведените прегледи.

Следејќи го спроведувањето на прегледите во текот на 2005 и 2006 г., се забележа дека програмата не се реализира целосно и во дел од градовите не е направен ниту еден ПАП-тест.

ОЖО Свети Николе во текот на јуни 2006 г. одржа 4 тркалезни маси во Прилеп, во Битола, во Крива Паланка и во Кочани  со  претставници од здравствените домови и гинеколозите на кои се дискутираше за проблемите при реализацијата на програмата. Гинеколозите информираа дека не се доволно информирани од страна на Министерството за здравство за програмата и за начинот на којшто програмата треба да се реализира. И покрај нивната желба и спремност да помогнат во реализацијата на прегледите, тие се соочуваат со сериозни проблеми. Тие не се доволно мотивирани да ги спроведуваат прегледите, бидејќи не добиваат никаков надоместок, а капитацијата за прегледите е најниска и изнесува само 18 денари по пациентка. Тие  се соочуваат и со потребата претходно да набават материјали за земање на ПАП-тестот и  со ненавремено покривање на материјалните трошоци од страна на Фондот за здравство. Приватизацијата на гинекологијата ќе ги продлабочи проблемите околу имплементацијата на прог­рамата, а голем дел од гинеколозите не се ниту мотивирани да склучат договори со Фондот за здравство. Поради тоа, голем број од жените кои и беа информирани за  програмата не можеа да добијат гинеколошки преглед и ПАП-тест.

Сведоци сме дека бројот на жени заболени од малигни заболувња секоја година се зголемува. Нашата организација работи на подигање на свеста кај жените за потребата од редовни гинеколошки прегледи заради рано дијагностицирање на ракот на грлото на матката. Но, и покрај сето тоа, надлежните институции не ги реализираат во целост своите преземени обврски според Програмата за гинеколошки прегледи. Трошоците што се издвојуваат за лекување на овие жени се големи и потребно е државата да посвети поголемо внимание на заштитата на здравјето на жените. Доцнењето на реформите во здравството уште повеќе ја влошува положбата околу здравствената заштита на жените. Постои еден вакуум-простор во којшто не се знаат надлежностите и начинот на понатамошна работа на пооделни здравствени институции. Женските НВО ја повикуваат Владата и Министерството за здравство да преземат конкретни чекори за доследно спроведување на донесената програма.

 

Радмила Сандева  (авторката е членка на ОЖО Свети Николе)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA