ЕКО-НЕТ
Обука за Интернет
Еко-нет, групата за електронска комуникација поддржана од холандската организација „Милиеуконтакт оост-Еуропа“ и Регионалниот центар за животна средина за ЦИЕ, организира обука за користење Интернет за членовите на здруженијата на граѓани кои работат во областа на заштитата на животната средина.
Обуката ќе се одржи во 15 градови во Македонија и ќе се спроведува преку работилници во текот на октомври и ноември 2003 година. Трошоците за обуката, како и патните трошоци за оние кои доаѓаат од места вон градовите каде ќе се одржуваат работилниците, ќе бидат покриени од организаторот. За подетални информации и за пријавување, заинтересираните можат да се обратат до веб-страницата www.eko.net.mk, каде можат да ја најдат пријавата за учество, како и на електронската адреса contact@eko.net.mk или пак на телефонот 02/321-6051.
М.И. |