ПРОАКТИВА
Билтен ...
Здружението „Проактива“ почна да го издава Билтенот, чиј прв број излезе во јануари. Билтенот обработува содржини за промоција на обновливи енергетски извори, енергетска ефикасност и мониторинг на МФИ, а содржи информации за тековните активности на Проактива. Специјален додаток на ова издание е претставувањето на Стратегијата за поддршка на земјата која се изготвува од страна на Светската банка. Билтенот излегува еднаш на два месеци, а Проактива го издава самостојно (од свои средства). Печатената верзија има тираж од 100 примероци и се доставува низ Македонија, а електронската верзија ќе може да се најде и на веб-страницата на Проактива, како и на листата на еконет.
... И “Иднината е обновлива”
„Проактива“ ја издаде брошурата под наслов „Иднината е обновлива“, во рамките на проектот „Младите за сегашноста и иднината“, поддржан од Институтот за трајни заедници, кој се реализираше во соработка со здруженијата „Биосфера“ – Битола, „Планетум“ – Струмица и „Китка“ – Скопје. Во брошурата станува збор за еколошко-енергетската состојба во Македонија, обновливите енергетски извори, климатските промени, енергетската ефикасност и заштедата на енергија и други аспекти од оваа тема.
|