ОЖ РАДИКА
Граѓанска иницијатива за подобар живот
Организацијата на жените „Радика“, која ги обединува жените од регионот на Долна Река, ја издаде брошурата „Граѓанска иницијатива за подобар живот“, со финансиска поддршка на Светската банка.
Во брошурата, наменета за сите граѓани од овој регион, се дадени повеќе информации и совети за поттикнување на локалниот и регионалниот развој - од граѓанските права, па се’ до покренување граѓански иницијативи за решавање различни прашања и проблеми, како и контакти со локалната самоуправа на општината Ростуше.
|