|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Истражувачко-волонтерската асоцијација – Кратово
Развој на младинското движење во Кратово
Истражувачко-волонтерската асоцијација - Кратово (ИВА-Кратово) е младинска организација формирана во февруари 2003 год. Во Судскиот регистар во Основниот суд Кратово е запишана во мај, истата година. Организацијата е формирана со цел да го развие младинското движење во Кратово и регионот. Во моментов има 80 членови, од кои 20-тина се активно вклучени во работата на организацијата.
ИВА досега има реализирано повеќе проекти и активности. Еден од поважните проекти е донесувањето на регионалната младинска мултикултурна програма, т.е. формирањето регионален младински мултикултурен центар, проект кој финасиски беше поддржан од Светска банка - регионална канцеларија во Скопје. За овој проект во септември ќе следува промоција на книга во која се опфатени сите активности поврзани со проектот.
Преку проектот “Ликовна работилница” ИВА досега има организирано пет изложби, а неа ја посетуваат 9 талентирани млади уметници, ученици во ДСУ “Митко Пенџуклиски”. Преку “Ликовната работилница” ИВА организираи 14-дневен престој за две апсоловентки од Ликовната академија од Белград, кои за тие 14 дена имаа можност да творат во Кратово. Оваа лето преку ИВА на летни работни кампови ќе заминат 30 волонтери од повеќе градови од источна Македонија.
Организацијата во моментов работи на развој на пет програми, и тоа: Театарска работилница ИВА-ТЕАТАР, Работилница ИВА-ЕТНО којашто вклучува младински фолклорен оркестар и ансамбал, а овие две работилници ќе се реализираат во соработка со Младинскиот културен центар од Крива Паланка и Домот на културата “Лазар Софијанов”. Програмата ИВА-КЛУБ, ИВА-АРТ, во себе вклучува четири работилници и тоа за размени, изложби и младинска ликовна работилница. ИВА-ИНФО го вклучува билтенот што ќе излегува еднаш месечно, веб-страницата и целиот промотивен материјал за потребите на организацијата. Овие програми ќе бидат активни од ноември 2005 година. За сите оние кои се заинтересирани, во ИВА можат да набават Младинска карта ЕУРО 26.
Адресата на организацијата е: Истражувачко-волонтерска асоцијација, ул. “Гоце Делчев” бр. 20, 1360 Кратово, Македонија; тел. 031/481-161; 070/856-594; 070/471-828 или на e-mail: iva_info@yahoo.com. Д.М.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|