ТЕМПЛУМ
Ајхман во Ерусалим
„Темплум“, во рамките на својата едиција „21 век“, издаде уште една интересна книга, од авторката Хана Арент - „Ајхман во Ерусалим“.
Хана Арент, една од највлијателните мислители на 20-тиот век и голем познавач на релациите политика-насилство, во оваа книга го претставува познатото судење на нацистичкиот злосторник, Адолф Ајхман, еден од најблиските соработници на Хитлер, кое се случи во 1961 година во Ерусалим. Покрај извештаите и записниците, Хана Арент пренесува и некои други моменти поврзани со овој настан, како и свои коментари и толкувања.
|