|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
погледи
(Не)одговорноста на граѓанскиот сектор
Не толку одамна, изгледаше дека сме сведоци на препород на граѓанскиот сектор: постконфликтниот период и особено оној во предвечерјето на парламентарните избори од 2002 година создадоа илузија дека конечно ќе се ослободиме од едно фрагментирано, импотентно и стерилно граѓанско општество. Под мотото “Моќта е во народот” невладиниот сектор се втурна во актуелните процеси, и од животна важност за земјата.
Резултатот беше видлив, а по конституирањето на новата власт изгледаше дека настапува период на конструктивната соработка помеѓу политиката и граѓанскиот сектор. За жал, “медениот месец” заврши, а граѓанскиот сектор повторно се турка (или самиот себеси се лоцира) на маргините на општествените процеси.
Ретко некој отворено ја оспорува премисата дека демократската држава се потпира на потенцијалот (секако, вклучувајќи го и оној за критичко размислување) на граѓанското општество, а граѓанското општество единствено може да цвета во услови на вистински (позитивен) мир и демократија. Меѓутоа, она што се случува во последно време покажува жална слика. Во агонијата на длабоката криза на легитимитетот, власта и оние околу неа, почнуваат да бараат непријатели во сопствената критичка елита. Денес станува срамно да се биде експерт, бидејќи критериумите за уважување на нечија експертиза стануваат растегливи категории, зависно од тоа дали се во функција на поддржување на некој владин предлог или не; и обратно, оние кои не се во власта го користат “негативот” на истиот критериум. Професори од највисок ранг бескурпулозно се девалвираат (веројатно како поука за другите смртници), а експертскиот совет се дефинира како “солење памет”. Со месеци, дел од невладиниот сектор и интелектуалната елита се обидуваа да укажат на важноста, но и на опасностите поврзани со процесот на територијалната организација на државата, но власта остана затворена во сопствениот свет на самобендисаност, во кој владее уверување дека тие знаат што е најдобро за граѓаните, но и заробени во илузијата дека граѓаните ќе им поверуваат. Власта остана верна на својата стратегија дека таа не оди на квиз на знаење (па чуму интелектуалци и експерти), туку на избори - кои се добиваат со ветувања. На крајот, излезе дека власта го потцени не само знаењето, туку и сопствениот граѓанин. Така, беше испуштена уште една шанса низ конструктивен дијалог да се дојде до најдобрите и општоприфатени решенија.
Граѓанскиот сектор денес е во криза, како што е и политичкиот систем. Почнува поделбата на наши и ваши, на конструктивни и деструктивни критичари, на потсектори во граѓанскиот сектор, кои се повторно етикетирани зависно од етничката и политичката сродност и блискост со оние на власт.
Затоа, вреди да се потсетиме на карактеристиките на едно витално и здраво цивилно општество. Промоцијата на “општото добро” , на есенцијалните вредности, како демократско владеење, човекови слободи, ненасилство, социјална правда и сл., се длабоко политички содржини. По такви суштински прашања никој не може да се однесува индиферентно и неутрално. Работата е јасна: како што вели Конфучие, нема поголема страшливост да се знае што е исправно, а тоа да не се чини. Фактот дека сме надвор од политиката, а сме пасивни посматрачи на опасните текови кон кои се движи општеството, не нЎ ослободува од одговорноста, туку напротив - нЎ прави соучесници. А крајот на нашиот живот започнува тогаш кога ќе станеме неми за работи коишто се од суштинска важност, порачал мудриот Мартин Лутер Кинг.
(авторката е директор на Центарот за демократија и безбедност при Институтот Евро-Балкан и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје )
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|