Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 77  Тема

Координирана акција за Националната стратегија за ХИВ/СИДА

Преземи водство, стоп СИДА

Вообичаената практика за дистрибуција на кондоми и едукативни активности годинава квалитативно беше подигната на повисоко ниво со низа настани кои својот одраз го наоѓаат во значителното подигнување на јавната свест кон оваа проблематика. Под мото “Стоп СИДА - одржи го ветувањето - преземи водство”, граѓанската организација Х.Е.Р.А. го започна одбележувањето на “Месецот на борбата против СИДА”, со три билборди на кои беше назначена глобалната порака на светската кампања за одбележување на 1 декември, Денот на борбата против СИДА.

“Не издвојување на проблемот, туку интегрирање на ХИВ/СИДА во рамките на програмите за сексуално и репродуктивно здравје и подигнување на јавната свест за проблемот е основната цел на кампањата”, нагласи Драшко Костовски, проект-менаџер во Х.Е.Р.А.

Во однос на новото одделение при Клиниката за инфективни болести во Скопје, Милена Стевановиќ, национален координатор за ХИВ/СИДА, вели: “Оддел за ХИВ/СИДА при Клиниката за инфективни болести постоеше и досега, но тоа беа две соби во склоп на друго одделение, но сега се појави потреба од сопствен оддел во кој освен третман и нега, ќе има и едукација и превенција и сe што е поврзано со третирање на пациентите кои живеат со ХИВ/СИДА. Сега на Клиниката за инфективни болести има десет легла, кои се во склоп на одделението. Потребата беше евидентна и со помош на Глобалниот фонд, кој обезбеди средства, и Министерството за здравство, од другата страна, се создадоа услови за создавање на одделението кое е опремено по светски стандарди”.

На тркалезната маса, која се одржа на 14 декември, присуството на неколку пратеници од Собранието на Република Македонија беше можност да се претстави актуелната состојба во оваа проблематика од страна на државните институции и граѓанските организациии. Снежана Чичевалиева од Министерството за здравство на Република Македонија истакна дека “основната мисија на Министерството за здравство во однос на борбата против ХИВ/СИДА е да работи во правец на контрола на ХИВ/СИДА, против дискриминацијата и стигматизацијата на лицата заболени од оваа болест со фокус на заштита и реализација на човековите права”. Клучен година за отпочнување организиран одговор на прашањата поврзани со ХИВ/СИДА беше 2001 година, кога Република Македонија ја усвои Декларацијата на обврските на ООН. Првата стратегија за контрола на ХИВ/СИДА во Македонија беше создадена во 2003 година, којашто е успешно завршена во текот на оваа година. Значајно е тоа што во рамките на првата стратегијата за контрола на ХИВ/СИДА, од аспект на координираниот одговор, за првпат беше изградена единствена стратегија, беше оформено единствено координативно тело и единствен национален систем за следење и процена на активностите. Во реализацијата на стратегијата беа вклучени Министерството за здравство и невладиниот сектор кој располагаше со 51 процент од грантот добиен врз основа на стратегијата. Вкупно 40 учесници од различни области беа вклучени во координираниот одговор на прашањата поврзани со ХИВ/СИДА.

Втората Национална стратегија за ХИВ/СИДА, која го опфаќа периодот од 2008 до 2013 година, беше основа за добивање на новиот грант од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, во износ од 10 милиони долари.

“Благодарение на Глобалниот фонд, се реализираат активностите за превенција од ХИВ/СИДА. За разлика од 10 милиони долари од Глобалниот фонд, на национално ниво од буџетот на РМ за оваа област за 2008 година се издвојуваат околу 8,2 милиони денари, или околу 120 илјади евра. Во националната програма извршители на активностите се десетте заводи за здравствена заштита, Републичкиот здравствен завод, Клиниката за инфективни болести, Лабораторијата за клиничка биохемија и Институтот за епидемиологија”, објасни Јованка Костовска, раководител на секторот за превентива при Министерството за здравство.

Конкретните податоци за состојбата во оваа област ги претстави Милена Стевановиќ, национален координатор за ХИВ/СИДА. “На глобално ниво, 33 милиони лица живеат со ХИВ/СИДА, од кои 2,5 милиони се деца под 15-годишна возраст. Бројките во Македонија се 102 случаи регистрирани од првиот, во 1997 година, до денес, при што 76 пациенти спаѓаат во стадиумот на СИДА, додека 26 се ХИВ-позитивни пациенти”, истакна Стевановиќ. Според бројките, нашата држава спаѓа во земјите со ниска преваленца на ХИВ/СИДА и главната цел на Националната стратегија за ХИВ/СИДА е да се одржи ниската преваленца со ставање акцент на превентивните активности насочени најмногу кон ризичните групи, како што се лицата кои инјектираат дроги, сексуалните работници, мажите кои имаат секс со мажи и осудениците.

“Граѓанските организации секогаш се насочени кон целните групи, односно кон корисниците”, вели Драшко Костовски, проект-менаџер во Х.Е.Р.А - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, и додаде: “Начинот на пренесување на информациите е ефикасен, организациите се мобилни и имаат инвентивни методи во пристапот кон проблемот. Повеќе анализи покажале дека трошоците за овој начин на дејствување на граѓанските организации се помали отколку при државното организирање. Соработката на планот на ХИВ/СИДА меѓу невладиниот сектор и државните институции претставува модел во државата како би требало да функционираат граѓанскиот сектор и државните институции”.

Тој ги истакна организациите кои работат со оваа проблематика, а се поддржани од Глобалниот фонд. Тие се ХОПС, “Доверба”, МИА, ЕГАЛ и Х.Е.Р.А.

Граѓанската организација ХОПС - Опции за здрав живот, е формирана во 1997 година и работи со корисниците на дрога и нивните семејства и со сексуалните работници, со нивните клиенти и со нивните семејства. Има мрежа на свои претставници низ целата држава со центри во Скопје, во Куманово, во Гостивар, во Штип, во Охрид и во Кавадарци и е членка на ХИВ/СИДА-форумот при Европската комисија во Брисел. “Доверба” практично е организација формирана од самите корисници и таму работат со лица кои користат дроги и психоактивни супстанции, лица коишто се на лекување, нивните партнери и нивните семејства. Граѓанската организација МИА работи со адолесценти, жени, Роми, лица со ризична сексуална ориентација, продавачи на сексуални услуги, лица заболени од ХИВ/СИДА и нивните семејства. Нивните стратешки цели се промовирање на информативните програми за ХИВ/СИДА и полово преносливите инфекции, зајакнување на личните способности при заштита од болести и подигнување на јавната свест за ХИВ/СИДА. Невладината организација ЕГАЛ е организација за еднаквост на хомосексуалците и лезбијките, популацијата чија целна група се мажи кои имаат секс со мажи, лезбијки, бисексуалци и транссексуалци. Стратешките цели се подигнување на културата на општата популација со акцент на сексуалната култура, односно сексуалното и репродуктивното здравје. Досега основале национален “геј-лезбијан” центар и два центри, во централното подрачје на Скопје и во општината Шуто Оризари. Имаат околу 1.000 клиенти во сервисите во периодот од 2004 до 2007 година. Во текот на 2007 година тестирале околу 270 клиенти за ХИВ/СИДА.

Во Х.Е.Р.А. работат со адолесценти и млади на подигнување на сексуалното и репродуктивното здравје во однос на зајакнување на едукацијата и интервенцијата, како и на подобрување на квалитетот, грижата и третманот на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА. Се борат за подобар пристап до услуги кои се доброволни, доверливи и анонимни. Како редовни активности, имаат едукација за односи со јавноста со која во текот на 2007 година биле вклучени околу 7.000 млади луѓе, формирале два младински центри за сексуално и репродуктивно здравје низ кои до јуни 2007 година поминале околу 6.500 клиенти. Со гордост го истакнуваат советувалиштето за ХИВ/СИДА при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од оваа година Х.Е.Р.А. почна со теренско советување и тестирање за ХИВ/СИДА низ кое досега поминале околу 1.300 клиенти.

Нивниот развој во однос на стратешките цели се стреми кон застапувањето на клиентите и лобирањето за подобрување на нивната состојба во општеството. Од тие причини, Х.Е.Р.А. го претстави “Водичот за парламентарците” и ја организира тркалезната маса чија цел би била создавање пратеничка лоби-група со можност за активно вклучување на пратениците од македонскиот парламент во креирањето на политиките за ХИВ/СИДА.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA