Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Тема

   

Про и контра формирања здруженија на граѓани на еснафска основа


Заштита од непрофесионализмот или полесен пат до донациите?

И додека едните велат граѓанските организции на еснафска основа се добра работа, дури неопходна, другите се со спротивно мислење бидејки сметаат дека граѓанските организации треба да се основаат затоа што постојат одредени проблеми во општеството кои што можат да се решат со активноста на граѓанскиот сектор. Во таквите организации пак, членуваат луѓе кои се истомисленици за оддреден проблем, без разлика од која професија се или без оглед на степенот на образованието.

Македонија официјално се регистрирани пет илјади гра­ѓански организации и асоцијации. Многу од овие здруженија се на еснафска основа, архитекти, здруженија на лекари, асо­ци­јација на педагозите, на политиколозите и слично. И до­дека едните велат дека гра­ѓан­ски организации на еснафска ос­но­ва се добра работа, дури неопходна, другите се со спротивно ми­слење бидејќи сметаат дека граѓанските асоцијации треба да се основаат затоа што постојат од­редени проблеми во оп­штес­твото коишто можат да се решат со активноста на граѓанскиот сек­тор. Во таквите организации, пак, членуваат луѓе кои се истомисленици за одреден проблем, без разлика од која професија се или без оглед на степенот на образованието. Во секој случај, суштината на демократијата е плурализмот, добро е да има разни здруженија, ка­ко и различни мислења. Здруженија на еснафска основа: заштита на професионалците од непрофесионализмот Според професор д-р Јован Тофоски, претседател на Македонското лекарско друштво, кое пос­тои шест децении, здру­же­ни­ја­та на еснафска основа треба да постојат за да се заштитат профе­си­оналците од непрофесионалци­те, но и поради стручно усо­вр­шу­вање. Имено, Тофоски мисли де­ка разните собири и семина­ри на луѓето од иста бранша и мно­гу придонесуваат во развојот на научна мисла во сите области. “Здруженијата на лекарите постојат многу одамна”, вели професор д-р Јован Тофоски. “Кога се работи за лекари, би рекол дека здруженијата постојат поради од­брана на еснафот од не­ес­на­фот, одбрана од непрофесионалците. Една од причините што ле­карските здруженија функционираат од многу поодамна е и тоа што да речеме во 18 и 19 век и во развиените земји како што е Велика Британија лекувале и лекари, но и бербери. Потоа се донесени закони со кои работата на лекарите се докажува со соодветна лиценца, со диплома, се потврдува дека некој е ква­ли­фикуван да лекува луѓе. На тој начин дипломираните медицинари се одбраниле од на­д­рилекарите”, објаснува То­фос­ки. Тофоски потенцира дека здру­же­нијата на лекарите ги бранат интересите на лекарскиот еснаф. “Можно е интересите на лекарите да бидат загро­зени од разни страни. Можен е спор со пациентите, може интересите на лекарите да бидат нападнати од разни менаџерски организации. Интересите на лекарите се нападнати и од страна на Владата, а кога го велам тоа, мислам на мали наплати на услугите во здравството, велам наплати на услуги, не плати на лекари. Ние вршиме одредена професија, и дали оваа професија се врши во приватна ординација или во државна здравствена институција, ние сакаме таа дејност да има пазарна и општествена вредност. Оваа професија е професија на луѓе кои се посветуваат себеси целосно на професијата, луѓе кои мораат цел живот да учат. И затоа сметам дека здру­же­нијата на лекарите се многу важни, затоа што здружени може многу полесно да се изборат за своите права”, додава Тофоски. Не е битна еснафската основа, битна е финансиската самостојност на граѓанските организации. вени слоеви, туку во проектите што ги нудат странските фондации. Практично, добар дел од тие организации зависи од финансирањето од странските фондации. Нашите граѓански организации мора да се еманципираат, да бидат самостојни и од вла­­дата и од владините структури и од странските фондации.”, по­тенцира Мирчев, додавајќи дека е добро тоа што на располагање се некои грантови, што е инаку практика во целиот свет, но не е добро кога некои здруженија и асоцијации потполно зависат од разни донации. “Не е никаков проблем што голем број организации во граѓанскиот сектор се на еснафска основа, на етничка основа, на старосна, или на професионална и слично, тоа е впрочем смислата на здруженијата на граѓани на целиот граѓански сектор којшто во целина го чини граѓанското оп­штест­во што мора да биде автономно. Тоа што мене лично ми пречи е тоа што некои организации во граѓанскиот сектор се многу зависни од фондации коишто се контролирани од партиите и од странските донатори што немаат многу слух за вистинските потреби во Македонија. Јас лично ги поддржувам оние организации, можеби мали или локални, врзани со одредени проекти, кои успеале да ја задржат својата автономија. Европското движење е една од самостојните организации коишто не зависат од странските донатори и фондации во Македонија. Голем настан и успех оваа година беше што се создаде една мрежа од европски ориентирани граѓански асоцијации во Македонија кои­што ги координира Европско­то дви­­жење. Некои од овие асоцијации се основани на етничка ос­но­ва, други, пак, на родова, а има и такви кои се на професи­о­нал­на основа, но кај сите овие дваесе­ти­на организации коишто ги координира Европското дви­же­ње на Македонија е заедничка поли­тич­ка­та волја да дејствуваат на под­рач­је на информирање на нашата јав­ност за идејата за Европа, за перспективите на нашето вклу­чу­ва­ње во Европската Унија. Осно­в­на­та цел ни е секако да ја при­бли­жи­ме нашата држава кон Европската Унија преку гра­ѓан­скиот сек­тор на Европа, бидеј­ќи тој гра­ѓан­ски сектор во Европа е самостоен, автономен и постои и има зна­чително влијание на круцијални­те одлуки на Комисијата на Европ­ска­та Унија. Дејноста на гра­ѓан­ски­от сектор кај нас не е толку видлива ка­ко во Европа и мое мислење е де­ка владата и целата државна структура мора многу повеќе да поведе сметка за влијанието на граѓанските асо­цијации и нивното влијание во струк­турите на Европската Унија. Во Рим постои институте”Евро баро­ме­тер”, кој редовно го сондира мислењето на граѓаните на Европа за меѓусебните односи во Европската Унија, за новопримените членки и кандидатите за Унијата, редовно об­ја­вува извештаи во коишто Македонија не се котира многу добро. А, и оние малку позитивни оценки за Ма­ке­донија се повеќе дело на активноста на граѓанскиот сектор на Македонија во Европа, отколку на владините поте­зи и дипломатски ак­­тивности. Јас лич­но би инсистирал на зајакнување на на­шиот граѓански сек­тор во европско гра­ѓанско оп­штес­т­во”, објасни професор Димитар Мир­чев. Сту­дентски еснаф на дело Една од оние гра­ѓан­ски организации за коишто може да се каже дека функционираат на еснафска основа е и “Клубот на политиколозите Јустинијан Прима”, кој е активен од ноември 2003 година. Оваа асоцијација за своја целна група ги има студентите, пред с$ оние од Правниот факултет. “Целта на нашето групирање беше поттикнато од потребата за простор и организација која­што ќе овозможи активно партиципирање и прак­тична едукација за сите студенти кои за свој интерес ги имаат областите коишто се директно поврзани со професијата политиколог”, вели Драганчо Апостоловски од “Клубот на по­ли­тиколозите”, додавајќи дека овој клуб претставува бегање од пасивниот студентски прак­ти­чен опус на работа во нивната едукација. Апостоловски смета дека еснафските граѓански организации се потребни поради јасната определба во Македонија за интегрирање во севкупниот општествен и политички живот во Европа и светот. “Досегашниот дел во дополнителна обука на високообразовниот кадар беше на многу ниско ниво, со што не се добиваше она вистинско потребно знаење и пракса коишто се барани во меѓународниот корпус на држави и организации.” Инаку, “Клубот на политиколозите Јустинијан Прима” е иницијатор за формирање мрежа од граѓански организации коишто функционирааат на факултетите и универзитетите во нашата земја. “Ќе се потпише меморандум којшто ќе ја овозможи работата и стартот на оваа мрежа во којашто освен членовите на ‘Клубот на политиколозите’, ќе членуваат и АЕЕГЕ - Скопје (Клубот на ораторите), Клубот на младите историчари на Македонија, АИЕСЕК (организација од Економскиот факултет), Македонското студентско етнолошко друштво, како и претставници од Политичките студии и дипломатија на ФОН, како и студенти од Универзитетот за Југоисточна Европа (Штулов Универзитет)”, додава за крај, Драганчо Апостоловски.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA