|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
Засилување на граѓанското општество на БалканотДомаќин на Третата средба за партнерство на Хуб-мрежата за градење капацитети која се одвиваше во Фекетиц, во близина на Нови Сад, Србија и Црна Гора од 19 до 21 декември минатата година, во „Леунберг хоме“, центрите за обука, беше Екуменската хуманитарна организација (ЕХО). Преставници на седум од 13-те партнерски организации се собраа да изготват акциски план за нивните активности во 2004 г.
|  |
Дискриминација на граЃанското здруЖување во Грција
Во Лерин не успеа да се регистрира Домот на македонската култураСо образложение од страна на Основниот суд во грчкиот град Лерин, дека Домот на македонската култура е опасност за јавниот ред и мир и овозможува простор за дејствување на странски агенти што работат на идејата за постоење на „непостоечката македонска нација“, неодамна и официјално е одбиено барањето за негова регистрација.
|  |
РОМАНИЈА
Конференција за родови прашања и (пост) јазот Исток-ЗападПроектот за граѓанско образование при Катедрата за филозофија, ББУ Клуј во Романија, организира серија работилници кои имаат за цел да му пристапат на прашањето за влијанието на јазот Исток-Запад на родовите прашања. На семинарот ќе биде организирана конференција на тема „Родовите односи и (пост) јазот Исток-Запад“, како и неколку работилници со слични прашања, кои ќе се одвиваат од 6 до 9 мај 2004 година или од 13 до 16 мај 2004 година во Клуј, Романија. Очекуваните резултати од семинарот се: брошура која ќе ги содржи презентациите на учесниците, нивните институции, како и презентација на нивните проекти; плус, книга со најзначајните трудови кои ќе бидат презентирани.
|  |
СРБИЈА
Бугарското малцинство во ПарламентотБугарското малцинство во Србија има свој претставник во Парламентот на Република Србија. Тоа е Владимир Захариев – како што своите корисници ги информираше „Greek Helsinki Monitor“. Тој е дел од локалната самоуправа во градот Босилеград и ќе ја претствува малубројната бугарска заедница, која според статистичките проценти претствува една четвртина од еден процент од населението во Србија.
|  |
ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
Европската истражувачка мрежа се шири на БалканотПроектот на Мрежата за истражување и образование на југоисточна Европа (СЕЕРЕН) го заврши проширувањето на Паневропската брза истражувачка мрежа ГЕАНТ на балканските земји.
|  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|