Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 40 Јули-Август 2004

   

интервју: Тања Атанасовска-Петровска, уредник на “Екологија”

ЕКОЛОГИЈАТА Е ЕДИНСТВЕНАТА РАБОТА СО КОЈА САКАМ ДА СЕ ЗАНИМАВАМ

Тања Атанасовска-Петровска запливала во водите на екологијата во 1991 година. Тогаш веројатно не претпоставила дека екологијата ќе стане толку важна во нејзиниот живот или дека ќе уредува списание кое ќе ја третира екологијата. Младата студентка по новинарство искуството го градела на “зелениот телефон” во Еколошкото друштво “Опстанок”, потоа на местото технички, а набрзо и генерален секретар на “Опстанок”.

Заедно со колегите новинари го основале Новинарскиот еколошки центар, а денес е претседател на Еко­лошкот прес-центар кој произлегол од (НЕЦ). На местото уредник  на “Екологија” доаѓа во мај 2000 и за себе вели дека екологијата е един­ствената работа со која сака да се занимава. Одбе­ле­жу­вањето на јубилејната 10-та година од основањето на ревијата “Екологија” беше директен повод да поразговараме со неговата уредничка.

ГС. Вашиот “стаж” во еколошкото движење е подолг од оној на “Екологија”. Како и кога започнавте да се интересирате за еколошките проблеми?
Т.А.П. Кога започнав да се интересирам за екологијата бев студент на новинарство. Заедно со уште неколку колеги од факултет го основавме ФОМЕК кој започна да функционира како подмладок на Еколошкото друштво “Опстанок”. Не можам да се пофалам дека сум имала големи познавања за екологијата во тоа време, единствено идејата за заштита на животната средина ми се чинеше доста интересна па започнав редовно да ги по­сетувам состаноците на “Оп­станок” за да дознам нешто повеќе. Се разбира,  и атмосферата беше поттикнувачка, имаше огромна енергија во луѓето околу мене кои се занимаваа со еколошките пра­шања. Од нив навистина имаше што да се научи. Ентузијазмот одеше до таму што носевме основен инвентар од нашите домови за да ги оп­ре­миме канцелариите на друштвото.

За мене немаше ништо пологично од спојувањето на мојата идна професија, новинарството, со екологијата. Кога подоцна започнав да работам во Македонската телевизија,  определба­та едноставно сама си дојде и станав еко­лошки новинар.

ГС. Потоа, вие новинарите, решивте да се прегрупирате. Зошто?
Т.А.П.
Имаше многу новинари во “Опстанок” кои пишуваа за еколошките проблеми. Во еден момент сметавме дека е потребно да се формира посебно здружение кое ќе не организира нас новинарите. Основната причина беше да се задржи објективноста и на ист начин да се пишува и за другите друштва, а не само за Опстанок. Организацијата што ја основавме се викаше Новинарски еколошки центар (НЕЦ). Со текот на времето НЕЦ доживеа извесни трансформации и денес го имаме Еколошкиот прес-центар. Морам да признам дека и тука се чувствува разликата во “жарот” кој беше многу поизразен во почетокот на основањето на организацијата. Мислам дека една од причините е и намалувањето на новинарите кои пишуваат за екологија. Тоа е еден тренд во редакциите кој н$ загрижува. Поради тоа, планираме да оствариме средба со уредниците и да им укажеме дека за екологијата треба да пишуваат едуцирани новинари. Известувањето од страна на некомпетентни лица не оди во прилог на креирањето на јавното мислење. Се инсистира на сензационалистичко новинарство, се создаваат забуни кои можат да предизвикаат големи штети.

ГС. Може ли ревијата “Екологија” да придонесе во градењето на еко-моралот и еко-етиката кај нашите граѓани?
Т.А.П.
Нашата мисија е во изградувањето на еко-моралот и еко-етиката кај секој поединец. Да признаеме, многу тежок и макотрпен процес, но упорноста се исплатува.

Ревијата “Екологија” опстојува 10 години на нашиот информативен простор и тоа говори многу. Континуираното излегување ни овозможи да се вброиме меѓу најпрестижните изданија во нашата држава. Преку дописната мрежа и благодарение на големиот ентузијазам кај соработниците, информирав­ме и едуциравме за пулсирањето на животната средина и на природата кај нас и во светот.

Благодарение на креативниот и творечки дух во овој децениски временски интервал редакцијата на Ревијата ЕКОЛОГИЈА објави 85 изданија со 2.720 страници, во кои трај­но е запишана хронологијата на дел од настаните на еколошкото движење.

“Екологија” претставува едукативен прирачник за оваа област и има големо  влијание  во градењето на еколошката свест и култура.

ГС. Голем број уредници на слични списанија би ви позавиделе на јубилејот. Која е формулата за одржливост на “Екологија”?
Т.А.П.
Најголем дел од тиражот на “Екологија” се дистрибуира во училиштата. Има училишта кои многу добро ја разбираат суштината на екологијата. За училиштата кои не сакаат да се претплатат на списанието обезбедуваме бесплатен примерок за училишната библиотека затоа што првата и основна цел ни е да ја шириме едукацијата. Затоа и инсистираме на разбирливи текстови. Тоа, секако, најмногу зависи од наставникот кој е задолжен за тој вид факултативна настава и од неговата посветеност на екологијата.

За дистрибуцијата во училиштата, “Екологија” има одобрение од Министерството за образование.

Тешко е да се направи списание во кое ќе понудите содржини кои ќе ги привлечат читателите од различни генерации. Затоа првите страници од списанието се намени на повозрасните читатели, а потоа, на другите страници ги пласираме текстовите кои можат да помогнат во наставата. Се јавуваат и наставници кои сакаат да соработуваат со редакцијата и таквата соработка трае од број во број. Така всушност, оваа дистрибуција во училиштата во голема мера придонесе да се одржи списанието во претходните десет години.

Дистрибуцијата оди преку претплати. Сегашниот тираж на Екологија ја надминува бројката од 10.000 примероци по број.

ГС. Тешко ли е да се биде екологист?
Т.А.П.
Екологистите не се секогаш разбрани од средината. Младите повеќе ги разбираат, постарите немаат толку разбирање. Повеќето сметаат дека се чудаци и занесени луѓе. Од друга страна, пак, очекувањата од екологистите се големи. Во времето кога работев на “зелениот телефон” во “Опстанок” постојано се јавуваа најчесто негодувајќи зошто ги нема екологистите кога чади контејнерот, кога е растурен сметот и сл. Се обидувавме да им објасниме дека тоа е грижа на сите, дека  екологистите не се дежурни комуналци туку волонтери кои сакаат да придонесат во заштитата на животната среднина, но дека тоа не значи дека одат по градот и ги гасат контеј­нерите.

За да се смени нешто во третманот на животната средина, на пример во третманот на отпадот, потребна е широка акција не само на граѓанските организации туку и на државата и јавните претпријатија кои го работат тоа професионално.

Сите заедно треба да се стремиме кон одржливиот развој, кон одржлива потрошувачка и да размислуваме подолгорочно без разлика дали сме екологисти или не.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA