|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Соработка на МЕД со скопската Зоолошка градина
Заеднички за грижа за заштита на рисот и белоглавите орли
Македонското еколошко друштво потпиша меморандум за соработка со Зоолошката градина во Скопје. Стручњаците од МЕД во иднина ќе и помагаат на Зоолошката градината со тековни информации и проекти за заштита на крупните ѕверови во Република Македонија, како и со заеднички заложби за подигнување на јавната свест кај луѓето.
Како што вели Диме Меловски, биолог во МЕД, постои идеја да се подобри живеалиштето на еден од заштитените диви животински видови во нашата земја, рисот, чија што реконструкција е веќе во тек. Исто така, вели Меловски, се разгледува можноста за изградба на санитарна станица, каде што би се згрижувале и негувале оние примероци кои се повредени или се сирачиња, а членовите на МЕД ги наоѓаат на многубројните научни прошетки низ шумите во земјава. „Овие модуси на соработка се од исклучителна важност, како за нашето друштво, така и за рисот и сметаме дека Зоолошката градина на градот Скопје, на овој начин, многу ќе придонесе за зачувување на ова ретко диво животно”, истакна Меловски.
Директорот на скопската Зоолошка градина, Атанас Петров, вели дека МЕД во иднина редовно ќе ја снабдува Зоолошката градина со научни податоци за дивиот свет во Македонија и ќе ги стави на располагање своите стручни и научни капацитети за давање мислења по прашања кои се однесуваат на заштита на животните. „И досега со МЕД имавме одлична соработа, токму затоа решивме да го потпишеме овој меморандум и да ја продлабочиме таа соработка. Се надевам дека МЕД ќе ни помогне да добиеме прецизни информации за добиените резултати од активностите што се преземаат за заштита на рисот во Македонија. Заеднички ќе работиме и на проучување и на белоглавите мршојадци, што овде во градината се размножуваат во заробеништво. Се надеваме во иднина ќе произлезе и некаков научен труд и дека таквите новородени единки на белоглави мршојадци ќе успееме да ги вратиме повторно назад во природата”, појасни Петров.
С.Н.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|