|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Коментар
Аларм на Денот на ООН
Да ви ја претставам денешницата: „Денеска 24.000 луѓе ќе умрат од глад. Сиромаштијата и нееднаквоста растат. Над 860 милиони луѓе низ светот се неписмени. 98% од нив живеат во земјите во развој. Една третина од жените се физички малтретирани, присилени на секс или злоуптребени на друг начин. 70% од луѓето кои живеат под линијата на сиромаштијата се жени. Учеството на жената во работната сила во периодот на транзиција е намалено. Стапката на вработеност кај мажите (61.8%) е по-висока од таа кај жените (38.2%). Секоја 1,2 секунда едно дете се раѓа во сиромаштија, секои 3 секунди едно дете умира од некоја болест, секои 7 секунди едно дете умира од глад или ненахранетост.
Секоја минута една жена умира од компликации при породувањето. Низ светот секој ден 13.000 нови лица се заразуваат со ХИВ/СИДА. Една шестина од населението на земјата нема пристап до здрава вода за пиење...”
Во месецов што помина Организацијата на Обединетите нации (ООН) го одбележа својот ден, 24 Октомври. Оваа година тој ден им е посветен на Милениумските развојни цели (МРЦ): Искоренување на екстремната сиромаштија и глад; Постигнување универзално основно образование; Промоција на родовата еднаквост и јакнење на жените; Намалување на смртноста кај децата; Подобрување на здравјето на мајките родилки; Борба против ХИВ/СИДА, маларијата и другите болести; Одржливост на животната средина; Воспоставување глобални партнерства за развој. Овие цели во 2000 г. беа прифатени и потпишани од сите 189 земји членки на ООН како напор значајно да се намали сиромаштијата до 2015 г. Меѓу нив е и Македонија.
Милениумските развојни цели се значајни за Македонија, тие можат да помогнат да се дефинираат националните приоритети за развој, да се дефинира сопствена долгорочна стратегија за развој, да се постават реални цели за развој кои би можеле да бидат достигнати до 2015, да се постигне општествен консензус за развојните прашања, да се мобилизираат политичките лидери, деловната заедница и партнерите за развој и граѓанскиот сектор и да се следи напредокот кон стандардите на ЕУ. РАЗМИСЛЕТЕ!
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|