|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
|
Евангелско-конгрешанска црква (ЕЦГ) |
|
Evangelical Congregation Church (ECC) |
|
Адреса: ул. Христо Смирненски бр.20, 1000 Скопје Лице за контакт: Васе Азманов Телефон: 02 3233 664; 02 2620 904 Телефакс: 02 3233 664 е-пошта: ekcmk@mt.net.mk aroska@mol.com.mk Веб-страница: - |
Жиро-сметка: 300000000826088 ЕДБ: 4030997381026 Матичен број: 4284828
Свештени лица: 1 пастор Образовни кадри: 3 Вработени: 1 Верници: 154 (регистрирани) |
|
СТРУКТУРА |
|
Највисока свештена/духовна функција: Мите Гошев - Пастор
Највисока световна функција: Васе Азманов - Претседател на духовниот одбор
Структура: - Црковен собир - највисок управен орган - Духовен одбор - извршен орган на црковен собир - Служителски комисии - Работен орган - Пастор - духовен водач
Членови на највисокиот орган на верската заедница: - Црковен собир - членови се сите верници на ЕКЦ
Проценето постоење на верската заедница: Во светот: од XVII век Во Македонија: 1880 Регистрација: 1990
Појаснување: Првата Конгрешанска мисија започнува со работа на овие простори во 1880 година (Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија). Се формираат и постојат цркви се до 1928 година, кога се приспојуваат со евангелистичко-методистичка црква. Во 1990 година повторно заживува Евангелско-конгрешанската црква.
|
Вид и број на верски објекти: 1 црковна зграда
Поважни верски објекти: Црковна зграда на ЕКЦ Адреса: Ул. Христо Смирненски бр.20, 1000 Скопје Лица за контакт: Васе Азманов Телефон: 02 3233 664
Верски обреди: Богослужба - недела (11.00) Библиски проучувања со молитвен час - среда (19.00) Младински часови - сабота (19.00) Женски час - секој последен петок (19.00) Библиски поуки во црковно заедништво - четврток (19.00) Библиски час за албанска група - четврток (17.30) Детски библиски поуки - недела (11.00)
|
|
Верска поука: Верската поука се врши на редовните служби или повремено на кратки курсеви, наменски, за одредена тематика, во просториите на црковната зграда. |
Образовни институции: Обединет богословски факултет Евангелски богословски институт
Адреса: ул.Ива бр.1а, Кнежево, 1619 Софија, Р.Бугарија Телефон: 02 957 11 15 Телефакс: 02 957 15 55 е-пошта: utf@dir.bg Интернет-адреса: www.utfbg.org |
Хуманитана дејност: Регистрирана според Законот за здруженија на граѓани и фондации Нов Живот Адреса: ул. Рокомија бр. 74 а, 1000 Скопје Телефон: 02 2620 904 Телефакс: 02 3233 664 е-пошта: aroska@mol.com.mk
| | |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|