Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 38 Мај 2004  Репортажа

Првото СОС-Детско село во Македонија

Простор исполнет со многу верба во себе, и во другите

Влегувањето во единственото засега СОС-Детско село во Македонија, говори за специфична поврзаност на светот на децата и возрасните во еден, во име на сегашноста и идинината. Тука особено се почитува и минатото на секој од членовите на семејствата, на станарите на жолтите куќи. Селото е мало, како во цртаниот филм за Штрумфовите со површина од само 11.500 метри квадратни, сместено во скопската населба Ченто, спроти Основното учлиште “Дане Крапчев”.
 И како во сите села, околината е со зеленило, со ниви  и тревници, со соседи кои се посетуваат, со мало фудбалско игралиште на кое играат децата од 12-те куќи, но и нивните другари од  околните куќи и згради, во друга форма и боја. Има и нишалки, игралиште опремено со играчки - тоа е атмосферата во која го поминуваат своето детство 37 деца, се додека “не застанат на нозе” и не се оспособат да се борат со предизвиците на животот. За нив се грижат возрасните жители СОС-мајки, СОС-тетки, стручен и технички персонал.

Денеска во селото кое е регистрирано како приватна установа за социјална заштита  и  е дел од системот на овој вид заштита во државава, има 7 семејства, а неговите технички можности дозволуваат во него во иднина да се сместат 84 деца. Со свои принципи на работење, функционира од мај 2002 година, а основано е две години пред тоа, од страна на Здружението на граѓаните СОС-Детско село, кое е рамноправен член, заедно со 442 активни села од 131 земји во светот,  на матичната организација СОС-Киндердорф интернационал (австриска невладина, приватна организација, основана во 1949 година). Со нејзина финансиска поддршка, СОС-Детското село во Македонија работи и денес.  

“Одвреме-навреме добиваме мали донации од различни страни во земјава, но с# уште сметаме дека е рано за голема кампања со која би се овозможила финансиска поддршка за опстојување од страна на  македонските граѓани” - вели Катерина Илиевска, претставник на СОС-Киндердорф интернационал, која е дел од стручниот тим што го сочинуваат психолог, педагог и социолог, а на кои, по потреба, им помагаат и стручни лица однадвор .

Приемот на децата за кои родителите не можат да се грижат од најразлични причини, или пак немаат биолошки родители, се врши преку центрите за социјална  помош, кои ја вршат улогата на старатели. Преку нив (доколку е можно), се обезбедува и контактот на децата со биолошките родители и роднините. На таа комуникација инсистира и стручниот тим во Детското село, сметајќи ја за исклучително потребна.

Постоењето на селото отвори и две нови професии - СОС-мајка и СОС-тетка. Мајката живее со децата во селото, сочинувајќи го семејството составено од браќа и сестри, се грижи за неговото функционирање, за домашните работи, за здравјето, за воспитувањето на децата, им ја обезбедува потребната љубов и стабилност. За да се здобијат со тој статус, мајките претходно поминуваат низ обуки и тестирања, по што се вработуваат во селото и работат според принципите кои се почитуваат во сите детски села во светот. Ја почитуваат семејната историја, културните врски и религијата на секое дете. Нив ги заменуваат СОС-тетките кога имаат слободни денови, кога се на одмор и во различни неопходни ситуации.

Во семејствата живеат заедно деца, мајки и повремено тетки од различно етничко потекло, но важно е да се напомене дека биолошките браќа и сестри не се раздвојуваат. Децата во чии домови влеговме и кои ги сретнавме во селото сакаа да се фотографираат, да разговараат со нас и да покажуваат какви играчки имаат, какви им се креветите во собите во кои спијат, каква музика слушаат, но и какви подароци за родендени добиваат. Детското село според своите правила ќе се грижи за нив се додека не станат “свои луѓе”, додека не постигнат одредена психофизичка, образовна спремност, за да најдат работа според своите способности и средства за издршка. Во семејните куќи тие ќе останат до 14-15 годишна возраст, а потоа е предвидено да одат во станови во непосредна близина, каде што заедно ќе живеат од 8 до 12 младинци под надзор на педагози и психолози.

“Во Македонија потреба од такви станови ќе се јави за  3-4 години кога децата ќе пораснат, а целта на таквото сместување е подготовка и развивање на искуствата стекнати во семејствата. Тие и понатаму ќе бидат помагани со финансирање на студии или преку продолжена помош за барање работа, а помошта може да трае до 26-27 години, во зависност од земјата и детето” - потенцира Катерина Илиевска.

Социјалниот работник Марко Јанев е задоволен од односот на соседите кон семејствата и напоменува дека децата се добро прифатени, интегрирани со децата од околината, со кои си играат,  тренираат и фудбал, одат на часови по таеквондо. Запрашан за нивното меѓусебно комуницирање кога станува збор за етничкото потекло, вели:

”Децата не се идентификуваат по етничкото потекло, туку по живеењето во Детското село. Засега немаме потреба за сензибилизација од таков вид. Можеби звучи чудно, но овде не се чувствува разлика меѓу децата по етничко потекло, ниту кај децата ниту кај мајките. Од 7-те СОС -мајки, една е Албанка, а две се Бошњачки. Немаме пречки ниту во јазичната комуникација меѓу децата и возрасните кои најчесто зборуваат македонски, а во семејството каде што мајката е Албанка, се говори на албански, бидеќи и децата се Албанци. Во “мешаните” семејства се слават и муслимански и христијански празници и се инсистира на позитивни меѓусебни релации. Работиме според конвенциите на ОН за заштита на детето на почитување на различните култури, религии, на  етничко потекло”. 

Стручниот тим е задоволен од сегашната комуникација со државните структури и од покажаниот интерес на неколку фирми и приватни лица за донирање. Локалните донации се дел од буџетот и претставуваат соодветна заштеда за семејствата. Минатата година во буџетот донациите и средствата добиени од продажба на новогодишни  честитки учествувале со 10%, што се смета за релативно добра  покриеност со донации.

Стручните лица очекуваат селото постепено да се наполни со предвидените  84 деца во дванаесетте семејни куќи, но не предвидуваат кога, бидејќи процедурата  за прием на децата не е едноставна. Бројот на нови членови на семејствата варира од година во година. Лани биле примени 33 деца, а годинава 4, но стручниот тим динамиката за прием за македонски услови ја смета за нормална. Тие напоменуваат дека во БИХ пополнувањето одело многу брзо, но и дека оди бавно и во земји каде социјалната грижа е многу поголема.  Во СОС-Детското село се згрижуваат деца без психофизички пречки, поради текот на едукацијата и формата на згрижување која што се одвива таму.  

 

Наташа Георгиева, СОС-мајка која ги чека првите членови на своето семејството

“Љубовта кон децата и исполнување на сопствената празнина беше мојот мотив да живеам и да работам тука”

 

 

Мерима Авдовиќ, СОС-мајка

“Ова не е професија, туку живот. Не можеш  да  бидеш СОС-мајка ако не се соживееш со с$ што е тука. Овде децата учат многу работи, се стекнуваат со хигиенски навики, како да работат со пари, да комуницираат меѓу себе и со околните жители, да одат и на пазар.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA