|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Актуелен и загрижувачки поглед на светот
Се зголемува заканата од глобална сиромаштија
Со присуството на меѓународните министри за финансии во Вашингтон на средбите помеѓу Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, вниманието неизбежно ќе се фокусира на Ирак и Средниот Исток како главни извори за нестабилност во светот. Истовремено, средбата на 184 држави ќе се фокусира и на друга, дури и поголема сила на нестабилност: глобалната сиромаштија.
Нашиот свет има 6 милијарди луѓе, од кои 1 милијарда поседуваат 80% од глобалното богатство, додека друга милијарда се бори да преживее со помалку од еден долар дневно. Две милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода; на 120 милиони деца никогаш не им е понудена шанса да одат во училиште; преку 40 милиони луѓе во земјите во развој се ХИВ позитивни, со мала надеж за излекување од оваа ужасна болест.
Во 2000 година светските лидери остварија средба на Милениумскиот самит во Њујорк и се обврзаа да ја преполоват сиромаштијата до 2015 година. Тие се согласија за “милениумски цели за развој” на здравството, образованието, жените и животната средина. Голем број лидери зборуваа за овие цели како за праведни; тие исто така зборуваа и за нашиот глобален самоинтерес - поврзување на борбата против сиромаштијата со борбата за стабилност и мир.
Оваа недела извештаите на Светската банка/ММФ алармираат: до 2015 година повеќето од целите нема да бидат исполнети во поголемиот број земји.
Значи, светот се наоѓа во позиција да добие или да изгуби се: или ќе се вратиме кон остварување на целите, или пак овие огромни цели ќе бидат пропуштени, светската сиромаштија ќе биде оставена далеку зад нас - и нашите деца ќе бидат препуштени да се соочат со последиците.
Во наредните 25 години околу 2 милијарди нови луѓе ќе бидат дел од глобалната популација, но само 50 милиони ќе бидат во побогатите земји. Поголемиот дел ќе се родат со изгледи да растат во сиромаштија и разочарани од светот на кој тие неизбежно ќе гледаат како на неправеден. Тероризмот често пати се развива во места каде што младата популација која брзо расте ја гледа надежта повеќе како сарказам отколку ветување.
Речиси половина од населението во светот денес се под 24-годишна возраст. Девет од десет од овие млади луѓе живеат во земјите во развој. На една милијарда од нив ќе им биде потребна работа во следната деценија. Огромен број од нив ќе ја напуштат татковинита за да најдат работа.
Ние треба да се соочиме со оваа реалност и треба да дејствуваме, особено врз следниве три прашања:
- Светските трговски разговори - кои можат да го намалат земјоделскиот протекционизам, а со тоа и сиромаштијата во нациите во развој - мора да напредуваат. Како резултат на тоа, земјите во развој би добиле речиси 350 милијарди долари до 2015 г., доволно да се ослободат 140 милиони луѓе од сиромаштија.
- Приливот на помош треба да се издигне над тековните обврски и треба да се користи поефикасно. Иако последниве години бележат одредени зголемувања, ќе биде потребно речиси удвојување на тековното ниво на помош за развој (околу 50 милијарди долари).
- Мораме одлучно да продолжиме со ослободување на најсиромашните земји од долговите, со огромна пропорција на дополнителна помош обезбедена во облик на грантови наместо заеми.
За да бидат успешни овие активности, договорот помеѓу богатите и сиромашните народи мора да биде ефикасно имплементиран. Земјите во развој мора да сторат повеќе за да го реформираат своето стопанство и да ја запрат корупцијата, а развиените земји мора да ги поддржат овие реформи со зголемена помош.
Денес, развиените земји трошат преку 50 милијарди долари за помош на земјите во развој. Како споредба, тие трошат околу 900 милијарди долари за одбрана. Кога бројките би се замениле, најверојатно не би имало потреба да се трошат повеќе од 50 милијарди долари за одбрана.
Во светот, по 9 септември, богатите и сиромашните земји се поврзани како никогаш порано - преку економија и трговија, миграција, промена на климата, болести, дрога, конфликти и, да, тероризам. Ние знаеме дека изборите се добиваат и губат за локални проблеми - тоа е точно за секоја земја. Но, глобалните прашања, особено сиромаштијата, ќе го обликуваат светот во кој живеат нашите деца.
Сега мораме да дејствуваме заедно против она што знаеме дека е основна причина за неправда и нестабилност.
Џејмс Волфенсон, претседател на Светска банка
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|