|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Европска куќа го одбележа Денот на Европа
Промовиран проектот “Европа во школо 2004”
По повод Денот на Европа - 9 Мај, ден порано, во Гимназијата „Јосип Броз-Тито”, Европска куќа - Скопје го промовира меѓународниот проект “Европа во школо”, кој се занимава со спроведување натпревари по европско знаење во средните училишта во Македонија.
Станува збор за проект на годишна основа, наменет за професорите и учениците од сите училишта и старосни групи, кој може лесно да биде интегриран во секојдневната практика на европското образование.
“Европа во школо” е педагошка активност која е нашироко и официјално призната и споменувана во различни одлуки и препораки на европските институти, како и во официјалните документи објавени од национални образовни авторитети и е под заедничка патронажа на Советот на Европа, Европската комисија и Парламентот и на Европската културна фондација во Амстердам.
Европскиот натпревар се одржува на постојана основа веќе педесет години и е организиран во 34 европски земји. Преку него, младите добиваат можност да ги покажат своите идеи и мислења во однос на европскиот сон, а преку семинарите што се одржуваат низ Европа и преку системот на награди, да се дружат со нивните врсници и да ги споделат знаењата и искуствата.
На промоцијата беа доделени награди на учениците од 10 средни училишта од Скопје во ликовна и литературна конкуренција на тема ”Разбирање на Европа преку културата и спортот”.
Проектот „Европа во школо” којшто во иднина треба да прерасне во годишен натпревар кој ќе се одржува во сите основни и средни школи се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за млади и спорт на Балканската фондација за деца и млади, Секторот за европска интеграција на Влада на Македонија, Македонскиот комитет на Европскиот младински парламент и Сојузот на ликовните педагози на Македонија, здружени во Македонскиот национален комитет на Европа во школо.
Д. М.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|