|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Соработка на Белград, Загреб и Сараево
Проект за поддршка на судењата за воени злосторства
На 19 јануари 2005 годинава, Регионалниот тим за мониторинг на судењата за воени злосторства кој постои во националните судови во Белград, во Бања Лука и во Вуковар ќе биде официјално промовиран во Сараево. Промоцијата на тимот, заедно со презентацијата на Водич за истрага на прекршувањата на човековите права и воените злосторства, користен од инспекторите на Хашкиот трибунал, се само некои од активностите на трите граѓански организации од Сараево, Загреб и Белград.
Центарот за истражување и документација во Сараево, Документа во Загреб и Центарот за хуманитарно право во Белград се здружиле во проектот со цел да се соберат документите и информациите поврзани со конфликтите во поранешна Југославија, вклучувајќи ги и сведочењата на жртвите и преживеаните. Трите центри ќе формираат компатибилна база на податоци, инструмент за поддржување на процесот за изнаоѓање на вистината, правдата и одговорноста, преку поддршка на обвинителите за домашните воени злосторства, како и за поддршка на сведоците. Трите центри започнаа да ги преснимуваат видеоматеријалите на Хашките судења, со цел да го искористат времето до конечното затворање на судењата на Меѓународниот суд за Југославија и да обезбедат важна документација од историско значење.
Т.Х.
|
Хрватска
Расправа за школството на интернет
Министерството за наука, образование и спорт во Хрватска, на својата интернет-страница покрена јавна расправа по повод изработката на Законот за учебници и Правилникот за оценување на учениците во основните и во средните училишта. Министерството има намера да изработи нов правилник за оценување, поради честите и оправдани тужби на дел од одредбите од тој правилник. Постоечкиот Закон за учебници овозможува издавање голем број паралелни учебници, на кои векот на траење им е само една година. Таквите учебници се прескапи и со право ги вознемируват децата и родителите.
Колку учебници треба да има за еден предмет и колку треба да траат учебниците се прашања на кои во Министерството чекаат одговори од јавноста преку јавната расправа. Исто така, повикуваат на изнесување на мислења за начинот на оценување во училиштата.
|
Босна и Херцеговина
“Моделот на Советот на министрите на БиХ”
Советот на министрите на Босна и Херцеговина, во соработка со Интегрираната програма за млади, кои работат во рамките на Волонтерите на Обединетите народи и Развојната програма на ОН, го иницираат проектот “Модел на Советот на министрите на БиХ”. Проектот претставува автентична симулација на работата на Советот на министрите на БиХ, при што им се овозможува на младите да се запознат со работата на државните институции.
Симулацијата е најдобар начин да се прикаже начинот на донесување одлуки во Советот на министрите и како таква да им послужи на младите како механизам за стекнување практично искуство. Освен симулацијата, учесниците ќе имаат можност да добијат додатни обуки и информации поврзани за државата, нејзината структура и политичкиот систем од политичките партии и државните структури. Како продолжение на стекнување на практичното искуство, проектот вклучува обука и работа на специфични задачи во различни министерства во рамките на Советот на министрите на Босна и Херцеговина. На најдобрите кандидати ќе им биде овозможено тримесечно стажирање во државните министерства.
Т.Х.
|
Милениумски развојни цели
Промовираан глобален веб-сајт против сиромаштија
Обединетите нации промовираа централен веб-сајт за поддршка на Кампањата за милениумски развојни цели. Веб-сајтот на Милениумската кампања нуди најнови информации за состојбата на секоја милениумска развојна цел, за ситуациите во земјата и за можностите поединци, групи и организации да се вклучат во кампањата локално и глобално. Веб-сајтот на Милениумската кампања е: http://milleniumcampaign.org.
Т.Х.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|