|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Објавени првите резултати од проектот “Мојот пратеник”
Со пратениците од својата изборна единица не контактирале 80,7% испитанициГраѓанската асоцијација МОСТ го објави и презентира изданието “Мојот пратеник”, во кое се опфатени резултатите од првата фаза на истоимениот проект. Во него се содржани податоци за работата на пратениците во Собранието на Република Македонија во периодот февруари-август 2007 година, а истите и официјални се добиени од собраниските служби. |  |
Доделени грантови
Справување со корупцијатаАсоцијацијата за демократски иницијативи - АДИ од Гостивар на 26 окотмври на три граѓански организации и на една неформална група на граѓани од Дебар и од Гостивар им додели 13 илјади американски долари за спроведување проекти од областа на борбата против корупцијата. |  |
По повод Светскиот ден против трговијата со луѓе
Граѓанските организации побараа спроведување на меѓународните обврскиВо рамките на одбележувањето на 18 октомври - Светскиот ден против трговијата со луѓе, ГО Отворена порта - Ла страда, заедно со Интернационалната мрежа Ла страда, достави изјава до Владата на Република Македонија, во која стои: „Ја поздравуваме иницијативата за европски ден против трговијата со луѓе и го поддржуваме повикот за акција од страна на Европската комисија. |  |
ФИООМ
Месец на отвореното општествоГодинава, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) одбележува 15 години од своето основање и работење. Својот јубилеј ФИООМ ќе го прослави работно, со организирање низа настани во текот на „месецот на отвореното општество”, ноември 2007 година. |  |
Трибина во Дебар
“Потрошувачите низ правните лавиринти” во ДебарОрганизацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со локалната самоуправа во Дебар, во просториите на Центарот за поддршка на невладините организации, одржа трибина на темата „Потрошувачите низ правните лавиринти”. |  |
Хуманост
Кумановец ја отстапува својата куќа на социјални случаиКумановецот Борко Николовски е хуман граѓанин, кој куќата, што заеднички, со двајцата браќа, ја наследија од родителите, им ја дава на заинтересирани лица корисници на социјална помош, без каков било финансиски надомест |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|