Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 47 Март 2005

   

Коментар

Пролетта ја носи мудроста на природата

Природата е мудра, луѓето го знаат тоа, без разлика кога и каде живеат, тие му се восхитуваат на редот кој го содржи таа во себе. Секоја пролет е ново соочување со нејзината мудрост и сила. Природата се појавува низ сите живи и неживи облици и вели: “Тука сум, свртете се наоколу, видете дека повторно, и оваа година, ви нудам можност за род, благосостојба, ред во хаосот. Бидете мудри”.

Кај нас, од разни причини, во Деновите на пролетта многумина, за среќа, почнуваат да ги бараат, протоколарно или не, своите врски со природата. С$ повеќе се садат дрвца, се обновува некогашната народна традиција, нарушена со техничко-технолошкиот развој, со трката со времето. На животната средина во Македонија оваа пролет & посветија внимание и преставниците на власта и граѓанските организации. Престедателот Бранко Црвенковски го отвори Паркот на толеранцијата во Скопје, каде што политичарите ќе имаат можност наместо на лов, своите контакти со природата да ги остваруваат преку садење дрвца. Скопје доби  38 дрвца од 34 земји, нови жители на урбаниот град. Им посакуваме добре дојде.

Претставниците, пак, на Работната група за позеленување на изборите, финансирана од холандската фондација Милиеуконтакт оост Еуропа, ги збунија кандидатите во трката за места во локалната власт, на локалните избори. Со својата кампања “Гласај за природата”, го свртеа вниманието  на јавноста и потсетија дека покрај политичката моќ и моќта на граѓаните, постои уште една, моќта на природата, којашто има свои закони кои треба да се почитуваат. Во земја во која почитувањето на законите што ги донесуваат луѓето е константен проблем, почитувањето на законите на природата е заборавена страница од древните мудрости на претците.

Будењето на пролетта е процес којшто го поттикнува и будењето на луѓето. Будноста зависи од многу фактори, но и од моќта на волјата. Пролетта е време кога се чистат  домовите и дворовите,  а за да се дојде до мудроста на природата потребно е да се исчисти и совеста.

Колку навистина ги чуваме дрвцата кои се садат секоја пролет?


Катерина Богоева

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Деминирањето во Босна и Херцеговина (2)
Не заборавајте на мините
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија

Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”.
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процеси
Локалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина?
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролетта
На 40 километри одда­ле­ченост од Скопје, на границата со Ко­со­во и надморска ви­­со­­чина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни ог­ниш­­та, откако се иселиле на Ко­сово по случувањата од вое­ни­от конфликт во 2001 година во Македонија. Во дале­ч­на­та 1984 година за прв пат е доне­сена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи не­времиња селото останува без струја. Веднаш до Тану­шев­ци се селата Брест и Ма­ли­но. Во сите три села живее албанско население.
Милениумски предизвик
Ветувањата на Америка
Пред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почну­вајќи од 2006 г. Иако петте ми­ли­јарди долари се само 0,04 проценти од националниот при­ход на Америка, Буш го на­ме­тна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиро­маш­тијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во ду­ша­та”, рече претседателот.
 

©MCMS - designed by KOMA