Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Демократија и човекови права

   

60-то ЗАСЕДАНИЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОН

Кога ќе се вкрстат патиштата на политиката и човековите права
 

(Прв дел) 

На 15 март, повеќе од 3.000 официјални лица на повисоки функции, како и лобисти за човекови права, се собраа ва Палатата на нациите во Женева на уште едно годишно заседание на Комисијата за човекови права на ОН, познато како едно од најважните собири на светот. На својата 60-та годишнина, Комисијата се наоѓа меѓу вкрстен оган од политичките интереси и чове­ковите права и ризикува да ја загуби својата релевантност доколку остане настрана. 
 
Историја на комисијата

Комисијата е основана во 1946 година како еминентно тело за човекови права во системот на Обединетите нации (ОН). Таа се состои од 53 земји членки, кои се избираат со четиригодишен мандат. Комисијата се состанува на редовни заседанија секоја година, по шест недели во март и во април. Невладините организации кои имаат консултативен статус во ОН можат да при­суствуваат на нејзините заседанија и да дадат изјави во пишана или усна форма. Успешно, Комисијата стои на врвот на софистицираната стандардна поставеност и мониторинг-меха­низмот на човековите права, кој се состои од поткомисии, работни групи и експерти кои постојано, во текот на целата година, работат на прашања поврзани со човековите права. Таа има мандат да испитува, набљудува и јавно да известува за ситуацијата со човековите права во специфични држави или територии, како и за сериозните појави на нарушување на човековите права насекаде во светот. Покрај тоа, таа е задолжена за изготвување нови стандарди и договори за човекови права.

Тероризмот и реформите на комисијата

Предводено од австралискиот амбасадор Мајк Смит, годинешното заседание  ја разгледува ситуацијата со човековите права во околу 20 земји и обработува  голем број тематски прашања. Меѓу нив, се и земјите и регионите, како Мјанмар, окупираните арапски територии, Куба, Демо­кратската Република Конго, Ирак, Сиера Леоне, Источен Тимор, Кипар и Хаити. Влијанието на глобализацијата, правото на развој, екстремната сиромаштија, пристапот до лекови за ХИВ/СИДА, арбитрарните казни, тортурата и исчезнувањата, се само дел од темите кои исто така се појавуваат на шестнеделните дискусии.

Во последните години, меѓутоа, две теми се во фокусот на дебатите на Комисијата. Како последица од терористичките напади од 11 септември, војната против тероризмот доведе до контролирани граѓански слободи и поголема моќ за справување со осомничените терористи. Советот за безбедност на ОН и другите негови тела не успеаја да ја интегрираат својата загриженост за човековите права во соп­ствените мерки против тероризмот. Многу влади престанаа да ги критикуваат нару­шувањата на човековите права од страна на нивните сојузници во оваа војна. Овие, како и правно оспоруваните ситуации во Гватанамо Беј, досега не поттикнаа никаква акција од страна на Комисијата. Покрај тоа, тие про­длабочија една друга проблематична тема, а тоа е темата на реформа на Комисијата, за што притисокот постојано расте. И по двете прашања, истакнати организации за човекови права, како на пример “Амнестѕ Интернатионал” и “Хуман Ригхтс Њатцх” беа на границата да ја повикаат  Комисијата да преземе акција.

Кога ќе се вкрстат патиштата на политиката и човековите права

Под притисок којшто постојано расте и поради недостаток на акција по овие две прашања, започна сериозна дебата за релевантноста и кредибилитетот на работата на Комисијата. Како што истакна Ирене Кан, генерален секретар на “Амнестѕ Интернатионал”, “Комисијата беше создадена со цел да ги поддржува човековите права и да ги осуди нивните нарушувања, каде и да се појават. Но, наместо тоа, повторно и повторно, Комисијата се однесува на еден нескротлив, самозаинтересиран, политички погоден начин, затворајќи очи пред нару­шувањата на човековите права и оставајќи ги виновниците да поминат неказнети”.

Додека Комисијата го отвораше извештајот/прегледот на нејзиното функционирање на 58 заседние во 2002 година, организациите како “Амнестѕ Интернатионал” тврдеа дека таа не успеала да се трансформира себеси во транс­парентно и успешно тело за човекови права. Во последната година, светските сили како САД беа обвинети поради тоа што не и дозволуваат на Комисијата да раководи. Наместо тоа, од ова тело постојано се бара да ги осуди нарушувањата на човековите права само во “непријателските” земји како Куба, Северна Кореја и Ирак. На тој начин, организациите за човекови права ја предупредуваат Комисијата дека ќе го изгуби својот кредибилитет и релевантноста ако повторно не го разгледа прашањето за реформи на годинешното заседание. 

(Во следниот број: преглед на заклучоците и резултатите од годинешното заседание) 

Тања Хафнер
(Авторката е поранешен Координатор за лобирање и меѓународни владини организации во “Амнестѕ Интернатионал” Словенија. Во моментов е член на персоналот на МЦМС за интернационални и регионални програми).


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA