Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

Погледи

Vox populi, vox Dei!

                                                                                                                           албански

Актуелността на оваа синтагма е евидентна и во нашево сегашно време и живеење. Сите ние како поединци сме чинители на пошироката заедница, која ја нарекуваме општество. И, секако, без оглед на нашето потекло, образование, воспитување, дејствување, верување, имаме заеднички идеал - да градиме здраво општество. Конкретно, општество коешто се темели врз секојдневната дијалектика меѓу идеите и постапките, емитувани од сите нас, во насока на ПОДОБРОТО.


Патот кон ПОДОБРОТО е најдолг, бесконечен. Она што е постојано по оваа врвица е инсистирањето на промени: од лошо кон добро, од добро кон подобро, од подобро кон најдобро...! Оттука, гласот на народот е барање за промена на постоечкото, тековното.

Но, тоа што најнапред мораме да го промениме, тоа сме самите ние, било како чинители организирани во граѓанскиот, во државниот или во приватниот сектор. Херман Хесе вели да го промениме нашето нетрпение, нашата чувствителност, нашиот недостиг од љубов и попустливост. Согласно нашава реалност, би додала промена во културата на однесување, на перципирање и прифаќање на нештата, на вреднување на истите.

Фактот дека секој трет граѓанин во Македонија е општествено активен во каков било облик на граѓанското здружување, говори за моќна база да поттикнува и бара промени од ваков вид. Успехот ќе биде целосен, доколку овие барања за ПОДОБРО бидат едновремено и несебично прифатени и од чинителите организирани во државниот и од приватниот сектор. Затоа, градењето врски, мрежа и комуникација меѓу овие три општествени фактори е од насушна потреба.

Овде би потсетила на уште нешто, на одговорноста - личната и заедничката. Односно, на мерки, волја и критериуми, како строги контролори на нашето однесување, перципирање и вреднување на нештата и, повторно најнапред како императив пред самите себеси (граѓанскиот сектор), а потоа и од другите (државниот и приватниот сектор). Успехот и овде зависи од взаемното почитување и практикување на одговорноста.

Само едно кратко навраќање кон историјата! Османлиската држава во текот на 19. век беше држава со најмногу проекти за реформи и нејзина преобразба во квалитетно и модерно општество. Но, успехот изостана, заради немањето волја, мерки и критериуми (одговорност), пред с$ од власта за спроведување на барањата за промени.

Еве една друга ситуација, од нашето современие. Здружението “Пеперутка”, кое има за цел подобрување на условите и начинот на лечење на болните деца од малигни заболувања, во текот на 2005 година спроведе широка акција за конкретно реализирање на споменатава цел. Во соработка со голем број приватни фирми (и една државна), медиуми, поединци, обезбеди купување апарати за подобрување на дијагностиката и целосно градежно преуредување на Онколошкиот оддел при Клиниката за детски болести - Скопје, во вредност од приближно 2.900.000,00 МКД. (околу 48.000 евра). Ако не постоеше взаемната посветеност кон промените за ПОДОБРО и одговорното однесување (на сите споменати чинители), успехот ќе изостанеше. Но, сега на ред се чинителите на државниот сектор да ја потврдат потребата за промени кон ПОДОБРО. Почнувајќи од највисоката инстанца, до најниската (Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Клиничкиот центар, лекарскиот тим итн.) требаат да ги впрегнат во погон сите расположливи механизми и капацитети коишто им стојат на располагање, во насока на организирано работење, нови протоколи на лечење, поздраво поколение.  А, тие можат да го сторат тоа само со одговорно работење кон самите себе, а потоа и кон пошироката заедница - општеството.

Општото добро е и лично добро! Затоа се потребни едновременоста, взаемноста и совесноста во релацијата граѓански, државен и приватен сектор во едно општество. Тука лежи моќта на гласот народен!

 

 

  (авторката на текстот е претседател на Здружението

 “П Е П ЕР У Т К А”)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA