Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Концепти

   

Одржливост - тема за која се повеќе се дискутира

Развој и здрава животна средина на сегашните и идните генерации

Одржливоста е тема за која во по­следно време с$ повеќе се дис­ку­тира, особено меѓу граѓанските ор­­га­низации и во граѓанскиот сектор, во­оп­што. Донаторите бараат одржливост на про­­ектите за кои обезбедуваат фи­нансиска поддршка, екологистите збо­руваат за одржлив развој во про­из­вод­ството на храна, организациите на мар­гинализираните граѓани се зала­гаат за на­малување на сиромаштијата и нама­лување на разликите во животниот стан­дард.

Дефиницијата на Светската комисија за животна средина и развој ја објаснува од­ржливоста на следниов начин: „Развојот е одржлив кога одговара на потребите во сегашноста, но не прави компромис со можнсота на идните генерации да ги задоволуваат нивните потреби”. Оваа дефиниција е прилично глобална и не се однесува само на краткорочните ефекти врз сегашните генерации, туку на до­л­огорочните ефекти врз идните поко­ленија.

Некои други дефиниции го објаснуваат одржливиот развој како „економски развој, социјално одговорен и правичен, еколошки прифатлив, кој се потпира врз основните постулати на граѓанското оп­штество” и „одржливиот развој импле­ментира адаптација и подобрување во контекст којшто заедниците се обидуваат да ги заштитат природните процеси и фун­кции на природата и да ги заштитат ресурсите за следните генерации”.

Од овие дефиниции може да се заклучи дека одржливиот развој како концепт има широко значење и многу малку спе­цифичности, па затоа е и тешко да се об­јасни. Дефинирајќи ја одржливоста како комбинација на развој, еднаквост и жи­вот­­на средина, се наметнуваат след­ниве прашања: Што се развива? Што треба да се одржи и колку долго треба да биде одржливо? Така, на пример, ако збо­ру­­ваме за одржлив развој во зем­јо­делството тоа значи дека треба да се урам­­нотежи сегашното и идното про­изодството на храна и одругите потреби во зем­јоделството преку метод за ко­рис­тење на природата и природните ресур­си без да се нарушува животната средина. Тоа зна­чи дека треба да се најде начин да се искористуваат природните ресурси, но тоа да биде балансирано со потребите на идните генерации.

За појаснување на концептот на од­р­жливоста во смисла на тоа што опфаќа и како се третираат прашањата поврзани со од­р­жливиот развој како илустрација може да послужи „Декларацијата од Рио”. Имено, Конференцијата за заштита на животната средина и развој на Орга­ни­зацијата на Обединетите нации (11МСЕО) одржана во Рио де Жанеиро, во ју­ни 1992 година, е пресвртница во начинот на размислување и разбирање на кон­цептот на одржливоста. На Кон­ференцијата при­суствуваа 179 држави кои постигнаа кон­сензус за глобално пар­тнерство во насока на урамнотежување на потребите за здра­ва економија, оп­штествен развој и ви­соко­квалитетна жи­вот­на средина. Овој заед­нички до­говор е содржан во Декла­рацијата за животна средина и развој, чии 27 начела ги одредуваат правата и об­врските на државите во нивните настојувања за развој и благодотојба на човекот. Според овие начела, државите потписнички на декларацијата треба да ги насочуваат своите активности со цел да се овозможи глобален одржлив развој. Некои од прин­ципите од „Декларацијата од Рио” се:

• Луѓето имаат право на здрав и про­дуктивен начин на живот во рамнотежа со природата;

• Денешниот развој не смее да ја загрозува потребата за развој и здрава животна средина на сегашните и идните генерации;

• Со цел постигнување одржлив развој, заш­титата на животната средина ќе сочи­нува интегрален дел од развојниот про­цес и нема да може да биде разгледувана надвор од него;

• Искоренувањето на сиромаштијата и нама­лувањето на разликите на животниот стандард во некои делови од светот се неопходни за постигнување одржлив развој и пресретнување на потребите на мнозинството;

• Нациите треба да ги искоренат или намалат неодржливите производни и по­тро­шувачки навики, како и да про­мо­вираат правилна демографска политика.

Концептот на одржлив развој иако е на­сочен кон иднината, треба да биде јасен и прифатлив за сегашните ге­не­рации кои не треба да се чувствуваат дека неговата примена ќе ги загрози или пак ќе го намали нивниот стандард.

Обемноста, различноста и комплексноста наложуваат да се направи поделба на одр­жливоста на неколку видови:

•    Одржливост на животната средина;

•    Социјална одржливост;

•    Културна одржливост;

•    Економска одржливост;

•    Политичка одржливост.

Како резултат на активностите на еко­лошките организации, во јавноста во Р. Маке­донија, одржливоста главно се раз­би­ра како одржливост на животната сре­ди­на. Движењето на екологистите на Маке­до­нија, заедно со Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија го промовира националниот акциски план за заштита на животната средина - НЕАП којшто беше усвоен во 1996 година од страна на Собранието на РМ. Тоа е стратешки документ што ги сод­р­жи сите аспекти на интегриран пристап во заштитата на животната средина.

Сепак, одржливоста не е важна само за зачу­вување на животната средина. Одр­ж­ливост треба да се бара во намалување на си­ромаштијата и прекумерната потро­шувачка, грижата за здравјето и обра­зо­ванието, развивање на бизнисот и ин­дустријализацијата, во развојните про­грами во урбаните и руралните средини.

Владите на сите држави треба да работат на изготвување и усвојување на стратегии за одржлив развој и да го поттикнуваат учеството на граѓанските организации, нау­­чните институции и другите оп­штествени здруженија во подготовката и спо­рве­дувањето на активностите за одржливост.

  

ПОИМНИК
 

Развој, по дефиниција, е процес пре­ку кој социјалните проблеми се решаваат со примена на сис­темат­ски и добро дефинирани активности.

Развојна интервенција е пристап на истакнување прашања и ре­ша­вање проблеми преку развојни ак­тивности.

Одржливоста  на развоен проект е обезбедена кога потребното ниво на поддршка за корисниците може да се одржи по завршу­ва­њето на финансиската, упра­вувач­ката и техничката помош од над­ворешниот донатор.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA